1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Македонија е на добар пат кон ЕУ

Горан Петрески31 мај 2007

Македонија треба само да ги следи насоките кои и се даваат за успешна евроинтеграција,порачуваат германските парламентарци Вајс и Лемел.

https://p.dw.com/p/AnxX
Петер Вајс,пратеник од ЦДУ во Бундестагот
Петер Вајс,пратеник од ЦДУ во БундестаготФотографија: www.bundestag.de

„Ние германските пратеници внимателно го следиме напредокот што го прави Македонија на патот кон ЕУ“,вели пратеникот на ЦДУ во Бундестагот Петер Вајс и понатаму порачува:

„ Македонија треба само да ги следи насоките што и се даваат,во ЕУ владее дискусија уште колку нови членки моѓже да прими и под кои услови,но прво треба да се донесе уставот на ЕУ,да претпрпи одредени реформи и со тоа ќе може да се отвори за нови членки.“

Вајс и неговиот партиски колега Андреас Лемел се гости на македонската парламентарна десница,се сретнаа со пратеници на ВМРО ДПМНЕ и ДПА.

„Гостите од Германија ги информиравме за резултатот од политичкиот дијалог и за состојбите во Собранието,изјави Влатко Ѓорчев од ВМРО ДПМНЕ.

„Од друга страна добивме информации за тоа што се случува во гераманскиот Бундестаг во поглед на Македонија,исто така добивме и поддршка за она што го имаме како процес на ВМРО ДПМНЕ и ДПА во врска со платформата на партиите од десниот центар на европско ниво.“

Генералниот секретар на ДПА Ружди Матоши рече дека со пратениците на ЦДУ разговарале за решавањето на косовското прашање и за импликациите врз Македонија:

„Зборувавме и за планот на Ахтисари за Косово.Тие се многу заинтересирани ккао ќе се одразат во нашата земја случувањата во Косово.“

Германските пратеници го поздравија враќањето на ДУИ во Парламентот.

Најважно е да се има консензус во однос на политиката,а тоа сега е остварено во Македонија,рекоа парламентарците од ЦДУ.Сепак,Македонија треба самостојно да одлучи и да дефинира кои закони ќе и донесат политичка стабилност.

Од позиција на заменик претседател на парламентарната група за соработка со ЈИЕ на Бундестагот Петар Вајс оцени дека Македонија е на добар пат кон ЕУ и изрази надеж дека ноемврискиот извештај на ЕК ќе биде подобар од претходниот.