1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Македонија завеана од снег

18 јануари 2017

Македонија и денеска се разбуди завеана од снежни наноси кои на некои места достигнуваат до 30 сантиметри. Непроодни патишта, неисчистени улици и тротоари последниве денови станаа секојдневие за граѓаните

https://p.dw.com/p/2VyAr
Mazedonien Dojran-See - Mann befreit eingefrorenen Vogel
Фотографија: Reuters/O. Teofilovski

Снежната зима и натаму ја парализира Македонија. Метеоролозите за денеска и утре најавуваат нови врнежи. Во повеќе градови, движењето на возилата и граѓаните е отежнато поради непроодните улици и тротоари. На магистралните и регионалните патишта сообраќајот се одвива со застои. На неколку планински премини забрането е движењето на тешки товарни возила.

Македонија во канџите на снегот