Македонија - име
3 мај 2007Реклама
Во американскиот парламент вчера била поднесена резолуција со која Македонија се повикува да избегнува активности со кои ќе се отежне постигнувањето општоприфатливо решение околу името, јавува Миа. Со резолуцијата поднесена од пратеникот на Демократската партија, Каролин Малони, конгресот ја охрабрува Македонија да соработува со Грција во рамките на ОН за да се најде решение прифатливо за двете страни. Малони е потпретседател и коосновач на конгресната група за пријателство меѓу САД и Грција.