1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Македонија и разврската на косовското прашање

Александар Чомовски2 февруари 2007

Пакетот на Марти Ахтисари за решавање на косовското прашање, ќе содржи и модел за демаркација на границатат кон Македонија. Во пресрет на претставување на планот ситуацијата на Косово е стабилна.

https://p.dw.com/p/AdZZ
Скопје
СкопјеФотографија: DW

Откако во Приштина и Белград ќе бидат познати солуциите за Косово, ден по престојот таму на финскиот посредувач Марти Ахтисари во Скопје ќе допатува Хашим Тачи. Овој врвен преговарач за идниот статус на покраината ќе разговара со македонскиот премиер. Заедно со Никола Груевски тие ќе ги разгледаат решенијата за Косово предложени од Ахтисари и посебно одбележувањето на границата со Македонија.

Моделот и динамиката на заедничката демакрација ќе бидат дел од пакетот на Ахтисари тврди генералот Стивен Шук „За границата решение ќе има во предлозите на Ахтисари, но незнам кои се “ кажа во Скопје замникот на мисијата на УНМИК. Стивен Шук оцени дека состојбата во Косово е стабилна, а како занемарливи ги оцени поединечните или малите групи екстремисти кои се регистрирани во тетовските села и кај планинската граничкна кота Танушевци.

Не очекувам безбедносни промени во Македонија поради иднината на Косово изјави синоќа премиерот Никола Груевски за македонската телевизија порграма на албански јазик.

Се оди во прилог на формирање на втора држава на Албанците во регионот вели во своите први реакџции и проценки професорот на правниот факултет Денко Малчевски „Притисоците од порадикално настроените Албанци може да станат многу сериозни и се разбира тоа е една хипотетична ситуација но ако се тргне со некаква идеја за обединуавње на тие територии тогаш ќе настане нова драма на Баканот значи тоа е она што лично мене ме замислува и ме плаши. За тоа треба да зборуваме отворено, на умерените луѓе од Балканот од било која нација да им се дава поддршка.“ Малески поранешен амбасадор на Макеоднија во ОН оценува дека решението за Косово ќе бидат дондесени во Њујорк.

Случајно или темпирано со статусот на Косово се комплицираат и внатрешните состојби во Макеоднија. Бојкотот на ДУИ ја комплицира состојбата и доаѓа во лошо време уште еднаш оцени ЕУ амбасадорот Фуере „Бојкотот на ДУИ доаѓа во најлошо можно време за земјата и за реформите кои се бараат од Европската унија. Бојкотот на парламентот е потценување на институциите на државата и создава нејзни негативен имиџ.“ рече Фуере

И покрај неговиот повик за дијалог не е извесно длаи денеска ќе заседаваат работните групи на четирите партии од власта и опозицијата што ги иницираше премиерот Никола Груевски како модел на разговори, а како теми иницијативата дојде од лидерот на опозицијата Радмила Шеќеринска.

Во меѓувреме се заоструваат и односите меѓу владата и шефот на државата откако завчера ВМРО ДПМНЕ и ДПА го обвинија претседателот Бранко Црвенковски дека во Брисел наводно ја кодошел Македонија и владата и дека со Али Ахмети ја смислил и ја иницирал политичката криза во Македонија.

Кон критиките се приклучи и третиот владин партнер Новата Социјалдеморкатска партија „ Мислма дека Бранко Црвенковски пропушти голема шанса да се наметне како претседател на сите граѓани во Република Македонија и легитимирајќи се само како претставник на една политичка партија и штитејќи ги политичките интереси на таа политичка партија мислам дека и затоа го изгуби кредибилитетот кај граѓаните на Републлика Макеоднија.“ кажа лидерот на Новата Социјалдемократска партија Тито Петковски

На овие прозивки од владиното трио се огласи Бранко Црвенковски. Оценките од Брисел, критиките и сугестииите на Шефер, Баросо и Солана на НАТО и ЕУ неможам да ги нарачам реплицираше претседателот на Македонија„ Уште да каже дека јас сум го издиктирал извештајот на Европската унија или пак дека имам таква моќ да ги наредам на тоа што ќе изјават пред камерите. И упатувам една порака на ввладата и владеачките партии да прстанат со овие глупости.“

Претседателот Бранко Црвенквокси ги повика партиите да го обноват дијалогот власт – опозицијата, а Груевски да не ја доведува Македонија во криза и да не го доведува во прашање евро атланските перспективи на Република Македонија.