1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Македонија капитулира пред напливот бегалци

Т. Брај/дпа16 август 2015

Многу бегалци сакаат да стигнат во Унгарија пред таа да ја огради границата. Бројките на мигранти на балканската рута експлодираат. Властите се беспомошни. На повидок ли е европска стратегија?

https://p.dw.com/p/1GGKf
Фотографија: Reuters/S. Nenov

„Бројот на бегалци од Сирија, Авганистан и Пакистан, кои сакаат да стигнат до Европа по таканаречената балканска рута, раста со огромна брзина. Дневно доаѓаат по 2000 мигранти на грчко-македонската граница, двојно повеќе отколку пред една недела, известија денеска приватните хуманитарни организации. Тие сметаат дека напливот на мигранти се должи на плановите на Унгарија до крајот на август да се огради со бодликава жица“, стои во освртот на германската новинска агенција ДПА на состојбата со бегалците во Македонија и во Србија, во кој натаму се вели:

„Во македонскиот град Гевгелија на границата со Грција се одигруваат драматични сцени, јавуваат очевидци. Стотици луѓе делумно и насилно сен обидоам да си обезбедат место во возовите во насока на Србија. 'Паника и ужас на патот на страдањето' , пишува српскиот весник Наше Новости. Македонските медиуми и политиката главно го игнорираат бегалскиот хаос. Скромна помош освен Црвениот крст будат пред се приватни хуманитарни организации како 'Легис'.

Mazedonien Gevgelija Bahnhof Flüchtlinge
Фотографија: Reuters/S. Nenov

И без тоа малиот број полицајци се откажуваат од секаков обид да го контролираат напливот на луѓето или да ги организираат во уредни колони, велат очевидци (...)

На железничката пруга од Грција преку Македонија до Србија редовно сообраќаат три воза со околу 450 места. Покрај тоа има и мешународна железничка врска од Грција во насока на Србија. Локалните политичари се жалат дека нивните влади ги оставиле на цедило. Градоначалникот на српскиот град Кањиза, Михаљ Бимбо имаше груб испад: 'Овие странци не поседуваат основни елементи на општа интелегенција и култура', тврдеше тој на интернет страницата на општината, која за бегалците е последна станица пред границата со Унгарија. И во Гевгелија, град со 10 илјади жители има растечки изрази на ксенофобија, велат хуманитарните работници. Би можело во наредните неделу сепак да биде усвоена европска стратегија за бегалците, јавуваат српските медиуми. Србија би можело да биде притисната од страна на Брисел со оглед на претстојниот почеток на преговорите за членство во ЕУ да воспостави прифатен камп за десетици илјади бегалци, едногласно известуваат сите големи весници во земјата. ЕУ во минатата недела демантираше дека постојат планови за воспоставување на таков камп за наводно 400 илади луѓе. Српскиот министер за труд, Александар Вулин таквите кампови ги нарече 'концентрациони логори' и ги отфрли“, пишува во освртот на новинската агенција ДПА.

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема