1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Македонија меѓу европската интеграција и националниот аутизам?

15 март 2012

Во рамките на Саемот на книгата во Лајпциг-во дискусијата на тема Македонија, учествуваа професорот Кристијан Фос, славист и историчар и Роберт Алаѓозовски, автор и издавач од Македонија.

https://p.dw.com/p/14LCV
Фотографија: DW

Аналитичарите и критичарите кои ги следат случувањата во Македонија констатираат дека по добиениот статус кандидат за членство во 2005 –тата во земјата има застој во реформите, скршен е еланот и Македонците се' повеќе се зафатени со сопствениот национализам. Дали ваквите феномени се помалку или повеке потрага по сопствениот идентитет на една млада држава или навистина Македонија се движи кон националистички ќорсокак, беше првото прашање во дискусијата која, како истакна Хансјерг Бреи, прв човек на Друштвото на Југоисточна Европа, свесно е провокативна.

Професорот Фос подвлече дека тешко е да се постави која е нормалната и дозволената големина на национализмот во балканските држави. Тој потсети дека земјата била добитник од Титовата Југославија (и‘ беше призната националноста и јазикот), дека без крв стана независна, но и покрај тоа се констатира национализам. Овој култ кон симболизмот и националното величење на Александар Македонски спорд Фос доаѓа од дијаспората, од странство. Но со оглед што станува збор за млада држава во која значаен дел е и населението со албанска националност, кое не може да се идентификува со Александар, Македонија не може да си дозволи политика на симболи. Таа впрочем се покажа како пречка во европските интеграции.

Leipziger Buchmesse, Autoren aus Mazedonien
Роберт Алаѓозовски на македонскиот штанд на Саемот на книгата во ЛајпцигФотографија: DW

„Сегашниот миг во вистинска смисла на зборот е критичен. Целиот процес на интеграцијата на Македонија во ЕУ треба да добие нов и силен импулс.

Спорот за името создаде многу фрустрации

Иднината не е многу надежна за Македонија доколку нешто навистина не се смени, констатираше и Робер Алаѓозовски. Тој кажа дека спорот за името создаде големи фрустрации. Во изминативе две децении постоеле интелектуални и политички кругови кои сметале дека е потребен компромис. Неможноста да се бара своето право создало чувство на понизност. Тие фрустрации еруптирале и се обединиле во политичката елита која сега владее. Сега има поилитичка елита на власт која смета дека е потребно да се биде Македонец со големо М, да се искаже гласно македонската позиција. И со тоа се гради приказната дека на Македонија и‘ требаат големи митови за да се докаже дека има силна историја. Во ваквиот синџир неодминлива алка е и Проектот Скопје 2014, кој е многу скап, но кој делумно е прифатен од бројни граѓани, интелектуалци и уметници со оправдување дека во центарот на престолнината многу децении немало никакви градби ни интервенции.

Flaggen der EU und Mazedonien in Skopje
Фотографија: Petr Stojanovski

Етничко-национален ќорсокак?

Во дискусијата не беа заоибиколени ниту последните инциденти во Македонија на етничка основа. Беше поставено прашањето колку тие го доведуваат во прашање спроведувањето на Охридскиот договор? Дали Македонија се наоѓа во етничко-национален ќорсокак?

„Најдобар лек за добри меѓуетнички односи е происперитетот и благосостојбата. А тоа и‘ фали на Македонија “, смета професорот Фос кој е категоричен дека треба да се направи повеќе и за совладување на македонскиот јазик од страна на албанското население, но и обратно. Роберт Алаѓозовски пак констатираше дека проблеми ќе има се‘ додека Македонците и Албанците поинаку ја учат истпоријата, што е и извор на коинфликти.

Сепак, на крајот на расправата Хансјерг Бреј посака патот на Македонија кон ЕУ да тече со побрзо темпо, компромисно решение со Грција да се изнајде, па и ЕУ да може да ги исполни ветувањата од Солун – дека земјите од Западниот Балкан имаат европски перспективи и припаѓаат кон Европа.

Автор: Силвера Падори-Кленке

Редактор: Жана Ацеска