1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Македонија мора да ги реши отворените прашања со соседите

24 август 2011

На Европа не и‘ е потребен втор Кипар и поради тоа Македонија треба да го надмине проблемот за името со Грција пред нејзиниот влез во унијата, изјави вчеравечер во Скопје пратеникот во германскиот Бундестаг, Петер Вајс.

https://p.dw.com/p/12Mks
Петер Вајс , пратеник во БунестаготФотографија: DW

Германскиот пратеник Петер Вајс смета дека Македонија, а и земјите од регионот, треба да ги надминат отворените прашања, бидејќи, како што рече, Европската Унија не е решавач на проблеми.


GMF Logo Konrad Adenauer Stiftung
Фондација „Конрад Аденауер“

„Европејците од својата политика за проширување имаат едно негативно искуство и затоа сите мислиме дека не ни‘ е потребен втор Кипар. Проблемите во една држава или билатералните проблеми меѓу две држави мора да се решат пред влезот во Европската унија. Унијата не е решавач на проблеми. Штом некоја држава ќе влезе во Европската унија, таа веќе има целосно право на глас. Не можеме потоа да кажеме: ‘Нели требаше да го решиш проблемот. Не го реши? Ајде да си одиш од Европската унија’. Значи јас не можам на владата на Кипар да и‘ кажам: ‘Ама вие не го решивте проблемот како што требаше и сега одете си’. Знам дека во овој регион очекувате влез во Унијата, па потоа да се решаваат проблемите. Не, проблемите мора да се решат“, рече Вајс.
 

Nikola Poposki Außenminister Mazedonien
Министерот Никола ПопскиФотографија: Petr Stojanovski

Македонскиот министерот за надворешни работи, Никола Попоски, пак од своја страна, посочи дека Македонија е подготвена да се соочи со предизвиците што ги носи членството во Европската унија, посочувајќи дека земјата сака да биде дел од оваа успешна приказна.


„Ние сме земја која сака да ги промовира своите успеси. Ние сме земја која не ги заборава предизвиците кои Европа успеала да ги надмине и земја која сака да биде дел од таа успешна приказна“, рече Попоски.

Вајс и Попоски вчеравечер учествуваа на конференцијата „50 години од подигањето на Берлинскиот ѕид – цензура од огромно значење за светската политика“, организирана од фондацијата „Конрад Аденауер“.

Автор: АТ/ макфакс

Редактор: Е.М.Фиданоска