1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Македонија навреме ги достави одговорите до Советот на Европа

7 април 2006

Владата на Република Македонија, денеска, навреме ги достави до Советот на Европа одговорите на дополнителните прашања за случајот со грабнувањето на Калед Ел Масри во земјата и за сомневањата дека на нејзина територија постојат тајни затвори на ЦИА.

https://p.dw.com/p/AdeW
Калед ел Масри
Калед ел МасриФотографија: AP

Советот на Европа, побара дополнителни одговори од македонските власти за улогата на Македонија во целиот случај, откако во првиот одговор таа не кажа ништо задржувајќи се само на законската регулатива. Тоа и навлече на Македонија отворена критика од Тери Дејвис, генералниот секретар на Советот на Европа.

Како што дознаваме, македонските власти тврдат дека одговориле на сите доплнителни прашања, и сметаат дека со тоа ќе ги избегнат критиките. Одговорите веќе започнале да се разгледуваат од соодветните служби во Стразбур.

Денес е последниот рок за доставување на побараните дополнувања од владите на државите членки на Советото на Европа за недозволените активности на ЦИА на европска територија. Во Стразбур се уште не се знае дали одговорите на владите ќе бидат објавени по извршената анализа од службите на Советот на Европа.