1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Македонија направи доволно отстапки,на ред е Грција

Александар Чомовски22 мај 2007

Вака шефот на македонската дипломатија Антонио Милошоски ги коментираше изјавите на грчкиот премиер дека Македонија треба да се откаже од непопустливоста

https://p.dw.com/p/Anxh
Фотографија: picture-alliance/ dpa

Македонија води иредентистичка политика,властите во Скопје не покажуваат кооперативност во спорот околу името,тоа може да ги попречи нејзините евроатлански апсирации.Овие заканувачки,на моменти предупредувачки оценки од грчкиот врв на државата,претседателот Папуљас и премиерот Караманлис денеска ги коментираше шефот на македонската дипломатија Антонио Милошоски:

„Грција се наоѓа во предизборна состојба и затоа веројатно прашањето со името ќе биде истакнато на повисоко популистичко ниво.Ние немаме намера да се натпреваруваме во реплики засновани на такви предизборни калкулации.Сакам да истакнам и дека Македонија досега ја има покажано својата волја за добрососедство,со Грција сме добри пријатели,такви мислиме да останеме и натаму,соработката е одлична на економско ниво,на безбедносно,на културно,на туристичко ниво.“

Македонскиот министер за надворешни работи уште потсети:направивме и некои отстапки последниве 15 години,го прифативме и последниот предлог на Метју Нимиц,што грчката влада го одби:

„Господинот Нимиц е прилично угледен медијатор и ние ги цениме неговите влогови,немаме добиено никаква информација во однос на промена на неговиот ангажман“,негираше шефот на македонската дипломатија по пишувањето на грчкиот печат дека Метју Нимиц се повлекува од посредничката улога и за споорт околу името можно е да се решава во седиштето на ОН,Советот за безбедност и Генералноот собрание.

И „Катимерини“,како и завчера грчкиот весник „Товима“ пишува дека американскиот претседател Џорџ Буш настојува балканската тројка да стане членка на НАТО пред завршувањето на мандатот во Белата куќа.Притоа нема да биде пречка спорот околу името,објавија грчките весници.

Милошовски го удостои германскиот амбасадор со заедничка прес конференција,откако е предадена скромна донација за безбедноста на МНР.Скромна во споредба со милионските суми евра што Берлин годинава ги донираше за македонската влада:

Германскиот амбасадор Ралф Брет демантираше дека амбасадата во Берлин подготвила специјален извештај за Македонија како претседавач со ЕУ.Анализата ја прави ЕК и ќе биде објавена кон средината на годинава,рече господин Брет.