1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Македонија на дневниот ред на Европскиот парламент

Тони Гламчевски20 мај 2013

Европскиот парламент на мајската пленарна сесија во Стразбур (20-23 мај) ќе ја разгледа резолуцијата за напредокот на Македонија во 2012., чие усвојување беше одложено по настаните од 24 декември 2012 година.

https://p.dw.com/p/18ayD
Фотографија: picture-alliance/dpa

Предложениот текст од страна на известувачот, британскиот европратеник Ричард Хауит е резултат на широкиот компромис постигнат во рамките на Комисијата за надворешни работи на 8 април 2013. Членовите на Комисијата со 39 гласови за и 13 против од вкупно 203 предложени амандмани, усвоија 20 компромисни и околу 50-тина други амандмани. Овој текст за кој ќе се расправа во среда на 22. и ќе се гласа на 23 мај, теоретски може да претрпи измени. Европратениците имаат можност до вечерва (понеделник 20 мај) да предложат амандмани, според највите најголемиот број од овие „нови“ амандмани би дошле од некои грчки и бугарски европратеници со кои би влијаеле на конечниот текст.

Нема да има големи измени во предложената резолуција

Но повеќе европратеници со кои контактиравме пред расправата, ни рекоа дека не треба да се очекуваат некои поголеми измени на текстот усвоен пред повеќе од еден месец од Комисијата, бидејќи тој е резултат на компромис на политичките групи на ЕП, кои водеа долги задкулисни преговори пред гласањето.

Во резолуцијата за која треба се изјасни ЕП, се повикува Ирското претседателство со Советот на ЕУ да спроведе интензивна дипломатија за да се постигне задоволувачки исход и одлука за почеток на преговори со Република Македонија пред крајот на јуни 2013 година.

Европратениците веруваат дека почетокот на преговорите може да ја "промени играта“ со обезбедување позитивен импулс и ефикасен инструмент за понатамошни реформи, подобрување на внатрешната ситуација, олеснување на меѓуетничкиот дијалог и промовирање на поволни односи со соседите.

Дијалогот на високо ниво, кој е важен инструмент за пробив на застојот и воведување на нова динамика во процесот на пристапување, според европратениците не смее да е замена за преговорите за членство.

Richard Howitt Europäisches Parlament
Ричард ХауитФотографија: MIA

Добрососедските односи остануваат важен услов

Добрососедските односи, на кои многу инсистираа бугарските и грчките европратеници, според предложениот текст се „суштинските столбови во процесот на пристапување во ЕУ“.

Во резолуцијата, по барање на бугарските европратеници се најдоа и лицата со бугарски идентитет, во однос на барањата и охрабрувањето на мерките за историско помирување меѓу етничките групи, како и обидите за воспоставување на заеднички експертски комитети за историјата и образованието меѓу Македонија и Бугарија.

Политичките групи, со посредништво на известувачот Ричард Хауит, постигнаа договор во резолуцијата да се користи само еднаш терминот „Македонци” и референцата „Поранешна Југословенска Република Македонија”, за да не се помисли дека ЕП има еднострана позиција во спорот за името.

Дали настаните по 24 декември ќе бидат поостро оценети?

За случувањата по 24 декември, европратениците испраќаат повик до сите партии да продолжат со политичкиот дијалог и да ја нагласат потребата за широка меѓупартиска поддршка и ангажман во спроведувањето на агендата на ЕУ.

Во евентуалните најавени амандмани кои би дошле од страна на бугарските и грчките европратеници, според најавите и тоа што можеше да се слушне на комисиската расправа е дека тие ќе побараат „поостра“ дефиниција за настаните од и по 24 декември 2012, односно дека Република Македонија „нема демократски капацитет”.

Македонија изгуби многу време

Словенечката европратеничка Тања Фајон од групата на социјалистите и демократите, непосредно пред расправата за Македонија вели:

Tanja Fajon, Mitglied des EU-Parlaments
Тања ФајонФотографија: DW/Alen Legovic

„Жалам што сега ќе бидам многу критична, но мислам дека Македонија изгуби многу време поради различните политички елити кои не беа сосема посветени на европската интеграција. Во смисла да најдат некои решенија за земјата ако зборуваме за прашањето за името, за навистина да се има некоја одговорност кон граѓаните. Бидејќи европската интеграција е нешто што мислам и отвора можности на Македонија. Сега е нова можност да се создадат услови во земјата за понатамошен напредок. Се надевам дека и политичките елити и од едната и од другата страна ќе го искористат овај момент и ќе им пружат доверба на граѓаните од друга страна да им се потврди и кредибилитетот на европските институции“ – вели таа.

Но известувачката за безвизниот режим во ЕП, предупредува дека проширувањето на ЕУ, не е повеќе приоритет кај некои политичари во ЕУ.

„Има се помалку политичари кои би го ставиле проширувањето високо на агендата денес. Расположение постои, очекувањата се многу позитивни и тоа ќе биде многу значаен сигнал и за целиот регион. Проширувањето продоллжува, но од друга страна земјите треба да направат тоа што од нив се очекува.

Не сум сигурна колку сега во Европа има политичка сила за да одиме брзо понатаму. Тоа неодамна го видовме и со случајот со Бугарија и Романија за влегувањето во Шенген зоната. Тие технички постигнаа се што беше потребно но политичката сила ја немаше за да вратите вистински се отворат.

По влегувањето на Хрватска во ЕУ, стравувам дека најверојатно Европа ако не излезе од оваа економска и финасиска криза, која денес е морална и социјална криза веројатно нема да одиме брзо понатаму со проширувањето. Никој не знае и не разговара многу за она што ќе се случи.