1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Македонија нема прва да признае независност на Косово

1 декември 2007

Косовскиот претседател Фатмир Сејдиу во посета на Скопје,најави -независноста на Косово ќе се случи многу бргу.Македонија нема прва да ја признае,ќе ја следи политиката на ЕУ и САД,одговори Црвенковски

https://p.dw.com/p/CVYE
Косовскиот претседател смета на поддршката на пријателите за независностФотографија: DW

Независноста на Косово е неповратен пат,ќе се случи во најскоро време и ние сме во постојан контакт со нашите пријатели во Брисел и Вашингтон,изјави во Скопје косовскиот претседател Сејдиу.Македонија нема прва да ја признае независноста на Косово, ние не сме во позиција да го прејудицираме решението,туку да ја следиме политиката на ЕУ и САД,рече на денешната прес конференција шефот на македонската држава Бранко Црвенковски.Двајцата претседатели позитивно ги оценија билатералните политички и економски односи.