1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Македонија: Нереални бројки за повредите на работно место

28 март 2011

Во 2010 година во земјата биле пријавени 870 повреди на работното место. Од нив повеќе од половина во секторот индустрија и рударство. Бројките се нереални и далеку поголеми, велат од Институтот за јавно здравје.

https://p.dw.com/p/RB1R
Фотографија: Petr Stojanovski

Стручњаците појаснуваат дека сосема различни податоци имаат од инспекцијата за труд , и од Македонското Здружение за заштита при работа. Со профункционирање на електронската картичка и интегрираниот информатички систем во здраството од идната година, тие очекуваат да добијат реални бројки за повредите на работниците на работното место во Македонија.

Работодавците даваат нереални податоци

Според критериумите на Европската база на податоци „Здравје за сите“, а согласно Светската здраствена организација со 870 повреди на работните места во 2010 произлегува дека Македонија бележи најниско можно ниво во однос на земјите во Европа. Од ова би можело да се заклучи дека состојата на овој план во Македонија е одлична и е резултат на исклучително добрите превентивни мерки за заштита при работа во фирмите.Но за жал во пракса тоа не е така, затоа што нашиот Институт овие податоци досега ги добиваше исклучиво од работодавците, ни изјави за Дојче Веле проф д-р Елисавета Стикова од Институтот за јавно здравје на Република Македонија. „Нормално е дека работодавачите немаат интерес да ја пријават секоја повреда на работа. Нормално е дека инспекцијата не може да стаса во сите фабрики и да претпостави каде се имало повреди. Работниците не се информирани за своите права и токму тоа е сигурно причина што во изминатите десетина години,повредите на работа бележат еден надолен тренд и покажуваат исклучително големо намалување од година во година ‘‘.

Silmak Jegunovce
Фотографија: Petr Stojanovski

Воведена пријава за работниците за повреда на работа

Заради тоа Институт за јавно здравје годинава пристапи кон оформување на системот за прибирање на податоци за повреди на работа преку воспоставување на пријава за повредите на работа ,а догодина треба да профункционира и електронската картичка во здраството. „ Значи кога ќе се воспостави овој систем на електронска картичка и интегриран информатички истем во здраството, податоците за повредите на работа ќе се прибираат од здраствениот сектор. Јасно ви е дека секој работник којшто ќе се повреди мора да се појави во здраствениот систем. Тој ќе побара здраствена заштита,тој ќе побара здраствена услуга,тој ќе побара боледување или некое право од пензиско и инвалидско осигурување,поради инвалидитет или некои слични состојби‘‘.

Солиден закон слаба пракса

Во Македонија е донесен солиден закон за безбедност и здравје при работа,усогласен со оние од ЕУ. Но објективно на терен ситуацијата не е таква.Затоа ние бараме поголема контрола при негова примена,ни изјави за Дојче Веле Пеце Ристевски претседател на Синдикатот на индустрија, енергетика и рударство. „ Имајќи во предвид дека сеуште имаме работодавачи кои се на еден начин затекнати во делот на целосната примена на законот и еден голем број на правилници кои попрецизно ја дефинираат оваа материја. Значи ние како Синдикат уште од стартот на примената на овој закон максимално се посветивме на имплементирањето на тој закон да оди што побрзо се во функција и со цел да се избегнат односно минимизираат сите причини и последици по однос на здравјето на работниците‘‘.

Mazedonien Land und Leute
Фотографија: DW

Да се подобри функционирањето на институциите кои ќе ги штитат работниците

Го прашуваме Ристевски, како синдикатот ги штити работниците кои тешко се повредиле или се здобиле со траен инвалидитет при повреда на работните места. „Мора да се подобри функционирањето на институциите на системот и во тој дел значи недлежните инспекции,надлежните судови,обвинителствата копи треба да покренат постапка према несовесните работодавачи.Синдикатот може да притиска да бара се да се прави да ги застапува оштетените работници.Меѓутоа санкционирањето,репресивните мерки против несовесните работодавачи треба да ги превземат надлежните институции‘‘,посочува Ристевски.

Само со добра едукација до подобра заштита

Во прилог на промена на ваквите состојби, македонските стручњаци за заштита при работа веќе се вклучија во реализација на проектот за Градење на мрежа за безбедност и здравје на работа во земјите од Југоисточна Европа и Турција финансиран од ИПА фондовите на ЕУ.Проектот е за забрзана едукација не само на докторите специјалисти по медицина на трудот,туку и на инженерите за заштита на работа и лицата одговорни за безбедноста на работниците во фирмите.Тие сметаат дека под итно мора да се направи и проценка на ризик за секое работно место,а што е најважно, работникот да биде информиран и соодветно обучен како да се заштити од повреди на работа.

Автор: Антоанела Димитриевска

Редактор: Симе Недевски