1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Македонија не го користи туристичкиот потенцијал

9 јуни 2010

Зошто Македонија ја нема на мапата на атрактивни туристички дестинации? Земјата се’ уште нема стратегија што и на кој начин да им понуди на странските гости како сопствен туристички бренд.

https://p.dw.com/p/Nlmi
ОхридФотографија: Petr Stojanovski

Бројот на туристи се намалува од година во година, учеството на туризмот во вкупната економија е незначително. Македонија по дваесет години самостојност се’ уште нема стратегија за развој на оваа стопанска гранка. Ова е кус опис на туризмот како економски адут на Македонија, земја со потврдени и далеку прочуени природни богатства. Домаќините засега не успеваат да му ги продадат на светот како уникатни туристички производи. Просфосорот Зоран Тунтев од Факултетот за туризам и угостителство за Дојче веле објаснува: „Туризмот е оставен на маргините, сите кои треба активно да земат учество се’ уште не го набљудуваат како сериозна категорија“, изјави професорот Тунтев.

Mavrovo, Mazedonien
МавровоФотографија: Petar Stojanovski

Туризмот е препуштен сам на себе

На прагот на новата туристичка сезона Македонија ја нема подобрено ниту понудата, ниту промоцијата. Состојбите во туризмот се препуштени на стихијата, нема концепт како да се искористат потенцијалите. Рекламите во светските медиуми не ги даваат посакуваните ефекти. Македонија се’ уште не е на мапата на артактивни и посакувани туристички дестинации. Александар Чоневски од агенцијата „Игуана“ вели: „Треба да се насочиме на рекламирање, на подобри дестинации. Не смееме да престанеме да се рекламираме, маркетингот е вложување, а не трошење на пари.“

Богатствата се тука, но гостите треба да се поканат

Prespa See in Mazedonien
Преспанско езероФотографија: Petar Stojanovski

Абрахам Розентал генерален директор на Меѓународната хотелиерска и ресторантска асоцијација вели: „Македонија ги има природата, културното богатство, историското наследство, како и традицијата како предуслови да стане посакувана турситичка дестинација, но според моето мислење Македонија го поседува и најважниот адут за добра туристичка перспектива, а тоа е вродената гостопримливост на македонскиот човек“. Но, оваа оценка на Розентал неможе сама посебе да привлече гости. Снежана Трајковска од здружениото за туризам не е преголем оптимист за претсојната сезона. „Во Македонија нема доволно сместувачки капацитети“.

Зошто државата не може да создаде модел за подобрување на туризмот? Поранешниот премиер Владо Бучковски одговара: „Бидејќи немаме море решивме да ги развиваме планинскиот и алтернативниот пред се’ селски туризам. Но мора да признаеме дека во времето кога јас бев премиер, а ниту после во овие четири години не е направено ништо спектакуларно во туризмот.“

Der Berg - Sar planina, Kosovo
Шар планинаФотографија: Refki Alija

Во последните години во туризмот се инвестирани едвај неколку десетици милиони евра. Во структурата на БДП туризмот усестувува со само 2 процента. Оваа дејност вработува околу 18 илјади луѓе. Речиси половина од вкупниот број туристи доаѓаат само поради транзит кон туристичките дестинации на соседните земји.

Автор: Горан Петрески

Редактор: Александра Трајковска