1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Македонија не смее да биде паричка за поткусурување

28 февруари 2005

”Македонија не смее да биде паричка за поткусурување и нејзиниот став во врска со статусот на Косово мора да се почитува. Секакво решение за покраината мора да го почитува територијалниот интегритет и суверентитет на Македонија” – изјави денеска во Белград македонскиот премиер Владо Бучковски, кој со претседателот на Србија и Црна Гора разговараше околу демаркацијата на границата меѓу двете земји, во

https://p.dw.com/p/AcGu

�елот на Косово.

Демаркацијата на границата е едно од горливите прашања за Mакедонија и Србија и Црна Гора, оцени денеска макеоднскиот премиер Владо Бучковски, додавајќи дека е тоа важно затоа што не смее да им се пружи можност на оние кои сакаат промена на границите и создавање големи држави.

Претседателот на Србија и Црна Гора, Светозар Маровиќ, изјави дека процесот на демаркација на границата меѓу двете земји е техничко прашање, за кое треба да се направи обид да се сфати политички. Правните норми треб ада се усогласат со реалниот политички живот во регионот, за ниеден од идните партнери во решавањето на прашањето на Косово и стабилноста на регионот да не биде исклучен од важната дијалошка политичка иднина на Западниот Балкан.

”Косово како отворено прашање на регионот може да биде решено единствено на европски начин. Може да биде решено единствено ако Албанците и Србите седнат и разговараат, бараат решение, не ги викаат постојано само Брисел и Вашингтон, зашто и Брисел и Вашингтон ќе го загубат трпението и тогаш ќе добиеме декрет решенија, а не она што им одговара на Србите, Црногорците,

Албанците на овој простор”, рече на прес конференцијата во Белград, Маровиќ.

На прашањето на Дојче Веле околу статусот на Косово и македонскиот став, Владо Бучковски, одговори: ”Македонија не смее да биде паричка за поткусурување и нејзиниот став во врска со статусот на Косово мора да се почитува. Секакво решение за покраината мора да го почитува територијалниот интегритет и суверентитет на Македонија”.

Маровиќ уште рече дека Косово мора да биде фактор на стабилност и на поврзување на земјите во регионот, а не фатор на нови трубуленции, зашто тоа не бил јазик на иднината туку на минатото. Дефинитивно мослам дека тоа минато го победувме и одиме напред и Србија и Црна Гора и Македонија, нагласи тој.

Бучковски и Маровиќ рекоа дека се согласиле приоритет во соработката на двете земји оваа година да биде економската соработка, зашто економските податоци покажуваат дека земјите можат да остварат и до две милијарди евра трговска размена.