1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Македонија очекува сигнал од Рига

Александар Чомовски21 ноември 2006

Македонија постигна важен напредок во трансформацијата на армијата и со право очекува јасен сигнал од Алијансата за прием во НАТО

https://p.dw.com/p/Adaw

Непосредно пред самитот на НАТО Македонија се обидува да ги анимира домашната јавност и меѓународните фактори.По средбите Санадер Груевски во Загреб,премиероите се убедени дека во 2008 година Македонија,Албанија и Хрватска ќе добијат покана за членство во Алијансата.Во Скопје се и американските конгресмени кои неодамна ја изгласаа декларацијата за поддршка на САД на членството на Јадранската тројка во НАТО.

„Можеби НАТО ја подзатвора вратата,но не за долго,почетокот на 2008 година е пораката дека Макеоднија,однсоно Јадранската група ќе биде целосно примена,проценува проф.Марина Митревска од скопскиот Институт за одбрана.Експертите сметаат дека поканата за Македонија е подолг процес и може да крие и одредени стапици на нерасположение во земјата.

Дали 2008 година ќе биде порелаксирана и самитот ќе биде самит на проширување,зависи повеќе од партнетите во НАТО одошто од државите кои сакаат да станат членки,рече денеска проф.Лидија Георгиева од скопскиот универзитет.На денешниот собир Македонија со предизвиците пред Рига го испровоцира и началникот на АРМ да изјави:

„Како армија продолжуваме со трансформацијата,тој процес ќе заврши пред планираниот рок,иако реформите ќе траат и натаму,зашто се работи за процес и очекувам позитивни сигнали од самитот во Рига,вели генералот Мирослав Стојановски,началник на армискиот штаб.Веќе се навршува една декада од македонското учество во Партнерство за мир,министерот за одбрана на индиректен начин денеска ги коментира јавните сомневања од проширувањето на НАТО и шансите на Македонија:

„За Македонија директна безбедносна закана нема.армијата се повлече од границата,остануваат две можни опции,треба да бидеме свесни,или армијата еда седи во касарните или да биде таму каде треба да се обезбеди глобалниот мир и безбедност“,рече денеска министерот за одбрана Лазар Еленовски.