1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Македонија подготвува закон за одземање на незаконски стекнат имот

Горан Петрески16 март 2007

Македонија е на пат да ја заокружи 16 годишната транзиција со закон за конфискација на имот. Владата подготвува нов закон според кој државата ќе го одзема имотот за кој ќе се утврди дека е стекнат на незаконски начин.

https://p.dw.com/p/AdYq

Мерката закон за конфискација на имот била промовирана од Советот на Европа, а во подговтовката на законот ќе се користеле исксуства на Холандија, Ирска и Германија, објаснуваат неофицијални владини извори. Според најавите први на удар ќе бидат транзициските профитери инволвирани во незаконска приватизација на македонските фирми.

Ексепертите позитивно го оценуваат владиниот план но предупредуваат дека оваа мерка може да биде многу сурова ако се злоупотреби. Законот е европски но важно е како ќе се спроведе во македонски услови, вели професорот по казнено право Никола Тупанчевски од скопскиот универзитет.

„Ако погрешно биде реализирана оваа идеја, целата ситуација ќе значи отварање на пандорната кутија. Наместо да имаме позитивен ефект да се одземе криминалниот принос на лицата кои што извршиле тешки кривични дела од областа на економскиот криминалитет, напротив да се направи ефект дека навистина луѓето треба да се плаѓшат кога влегуваат во бизнис.“

Поранешната претседателката на антикорупциската комисија Слаѓана Тасева, стручњак за борба против перење пари смета дека на Македонија и е потребен закон за конфискација на имот.

„ И воопшто не треба да се размислува во таа насока дека овој закон треба да биде алатка или средство кое што ќес е користи за незаконско и неправилно користење на имоти. Мислам дека овој закон треба да биде средство кое ќе ја операционализира применатат на емрката конфискација која ја имаме во кривичниот законик.“

И бизнис заедницата во Македонија, стопанската комора во која членуваат голем број од контроверзните транзициски директори го поддржуваат законот за конфискација на имот. Крајно време е Македонија да и стави крај на долгогодишната транзиција, вели Бранко Азески, извршен директор на Стопанската комора, но предупредува оти релизацијата на новиот закон ќе зависи од институционалниот капацитет. „ Мислам дека Македонија после 16 години има неопходен минимал институционален капацитет и со јавност и со органи и со политички партии и со асоцијации и здруженија кои ќе бидат гаранција дека нема да дојде до негова злоупотреба. Ако тоа се направело во некој претходен период можеби ќе било подобро но можеби ќе имало заради неизградениот институционален капацитет одредени проблеми.“

Министерството за правда забрзено ги подготвува деталите на новиот закон. Во една од одредбите било предвидено одземениот имот да се употреби за финансирање на социјални проекти, обука на државни службеници, полиција и судство.