1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Македонија пред клучен дуел против Чешка

19 јануари 2012

Само победа над Чешка ја води македонската репрезентација во следната рунда на шампионатот. Германија не смее да си дозволи пораз од Шведска.

https://p.dw.com/p/13lgg
Фотографија: Reuters

Македонската ракометна репрезентација вечерва во Ниш против Чешка го игра решавачкиот дуел од првата рунда на европското првенство. Само победа против Чесите ги води македонските репрезентативци во следната фаза од натпреварувањето. По ремито со Шведска и поразот од Германија, Македонија е последна во групата Б. Чесите досега имаат една победа- над Германија, и пораз во второто коло од Шведска.

Во вториот меч од групата, на Германија и‘ треба најмалку реми за да обезбеди пласман натаму во дуелот против Шведска, која пак, е сигурен патник во следната рунда.

Во случај Македонија да победи, а Германија да загуби, македонските ракометари во следната фаза ќе пренесат три бода.

Во Ниш повторно се очекува голема поддршка од македонските фанови, кои со своето навивање станаа главна вест на првенството. Доколку обезбеди пласман во следната фаза, македонската репрезентација за противници ќе ги добие трите првопласирани од групата на домаќинот Србија.

Автор: БГ/АТ/дв

Редактор: Ж. Ацеска