1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Македонија се подготвува за 2 август

Горан Петрески 30 јули 2007

Македонија го повлече барањето за прослава во Прохор Пчињски. МПЦ ја поздрави одлуката.

https://p.dw.com/p/BNUO
Во Крушево ќе одржи дел од прославатаФотографија: Petar Stojanovski
Македонскиот двоен национален празник Илинден е на прагот, а веќе е јасно дека и годинава чествувањето нема да се оддржи во манастирот Прохор Пчињски. Македонската влада како што е познато го повлече барањето до владата на Србија за овозможување пристап до манастирот, со образложение дека било срамота секоја година да се моли српската страна. МПЦ ја поздрави таквата одлука на владата.