1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Македонија треба да добие кандидатски статус

Елена Петреска15 декември 2005

Самитот на Eвропските шефови на држави и влади, што почнува во Брисел, најверојатно ќе и донесе позитивни вести на Македонија.

https://p.dw.com/p/AcAU
Знамињата на земјите од ЕУ
Знамињата на земјите од ЕУФотографија: AP

Оптимизам наспроти негативните најави од почетокот на неделата донесоа предлог заклучоците на евро – лидерите како што за Дојче Веле потврдија дипломатски извори. Во нив стои дека Македонија ќе добие статус на кандидат во ЕУ но без конкретен датум на преговори. Единствената пречка Франција која на министерскиот состанок во понеделникот поради проблемите во европскиот буџет ги блокираше препораките земјата да добие кандидатески статус во Унијата, само неколку часа пред почетокот на самитот почнала да попушта во своите цврсти ставови, тврдат дипломатите во Брисел.

Како што изјавиле француски официјални претставници воочи состанокот, целото противење на проширувањето не се однесува на Македонија, туку на внатрешните проблеми на Унијата. Во предлог документот имено заклучоците за земјата се ставени во заграда, што значи, ако падне договор за буџетото, ќе има и кандидатдски статус за Македонија.

Во предлог заклучоците како што се дознава е пофален напредокот што земјата го направила во изминатиот период, од друга страна евро – лидерите укажуваат дека при нови проширувања мора да биде земена предвид способноста на Унијата за примање на нови членки. Аргументите во прилог на Македонија сега не се 24 спрема 1 туку 25 спрема 0 потврдија за Дојче Веле и во македонската амбасада во Брисел од каде исто така најавуваат добри вести за земјата. Прашањето за кандидатскиот статус за Македонија, можеби ќе биде отворено уште вечерва, на традиционалната вечера на евро – лидерите со која почнуваат сите европски самити. Сепак пеглањето на разликите околу европскиот буџет според многумина може да ја продолжи планидарана самитска агенда и состанокот на високо ниво да заврши еден ден подоцна од планираното, во сабота. Она што сепак е извесно се учесниците на самитот. За разлика од поранешните состаноци од ваков вид сега не се поканети ниту претставници од земјите кандидати: Хрватска и Турција. Сигурно е и дека на самитот за чие покривање во зградата на европскиот совет во Брисел, нема да допатува ниту македонската владина делегација. Како што потврдија во македонската амбасада, дополнително ќе се изнајде форма како да се официјализираат евентуалните добри вети од Брисел.