1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Фудбал

ЕУРО 2020: „Мора да се победи“

ЕМФ / дпа
17 јуни 2021

Оној кој ќе загуби е речиси надвор од Европското првенство во фудбал - во тоа се согласни македонскиот и украинскиот тим во својот дуел на аутсајдери, пишува германската агенција ДПА пред денешниот натпревар во Букурешт.

https://p.dw.com/p/3v23q
Fußball EM 2021 | Österreich v Nordmazedonien
Македонските репрезентативци пред натпреварот против АвстријаФотографија: Petr Stojanovski/DW

Притисок за Украина, пркос во Северна Македонија - аутсајдерите во Групата Ц се пред клучен натпревар, оценува агенцијата ДПА пред денешниот натпревар во Букурешт и продолжува:

„Под притисок е пред сѐ младиот украински тим на тренерот Андреј Шевченко, кој е сѐ уште во реконструкција. 'Натпреварот против Северна Македонијае најважниот. Мора да се победи', изјави Николај Матвијенко од Шахтјор Доњецк пред клучниот дуел во Букурешт кој почнува во 15 часот. По - за Украина - несреќните 2:3 против Холандија во неделата во Амстердам, денеска мора итно да се освојат три поени... 'Јасно ни е дека сега мора да сме заедно, како никогаш порано', изјави поранешниот напаѓач на Дортмунд, Андреј Јармоленко. Последниот противник во понеделник е Австрија, која постигна победа над Северна Македонија од 3:1. 'Сега сме навистина загреани за овој натпревар', вели селекторот Шевченко. Надежите на неговиот тим против најголемиот аустајдер на првенството почиваат, не како последно, и врз навивачите. Украина смета со голем број фанови од татковината кои ќе дојдат во соседна Романија. На Националната арена во Букурешт пристап имаат околу 13.000 луѓе. 'Тоа би можело да направи домашна атмосфера за нас“, вели Едуард Собол од ФЦ Бриж, кој на левата страна би можел да игра на местото на Александер Зубков.

Euro 2020 | Niederlande - Ukraine Tor Dumfries
По добриот старт на ЕП, тимот на Украина се смета за фаворит на натпреваротФотографија: Dean Mouhtaropoulos/Getty Images

Тимот на Шевченко е јасен фаворит против новајлијата на ЕП пред сѐ по добриот старт на ЕП во Амстердам, кога Украина по 0:2 успеа да стигне до 2:2.

Повеќе:

Голот на Пандев- вреден за споменик?

Фотографија на денот: Македонските навивачи - надмоќни

Еуро2020: Украина може да игра во дресот со Крим, но не и со воен слоган

Барем на трето место, а со тоа и на можност да се оди натаму како еден од четирите најдобри  тимови на кои биле н атрета позиција, цели и тимот од Северна Македонија. 'Оваа Македонија никогаш нема да се предаде. Ќе се бориме до крај', изјави напаѓачот Александар Трајковски од РЦД Мајорка. 'Ако победиме на овој натпревар, имаме голема шанса да ја минеме групната фаза.' Ангеловски го охрабрува својот тим по резултатот од 1:3 против Австрија, натпревар на кој Северна Македонија долго играше на еднакво рамниште. 'Во наредните натпревари може да влеземе полни со самодоверба', вели 45-годишникот. И за борбените Македонци во понеделник следува натпревар против фаворит. Тогаш тимот на тренерот Игор Ангеловски настапува во Холандија. Со тоа, се чини на двата тима им е јасно - кој ќе загуби денеска, тој е речиси надвор од првенството. 'Овој натпревар е како финале за нас, но и за Украина', оценува играчот од средниот ред Езѓан Алиоски од Лидс Јунајтед“, пишува агенцијата ДПА пред денешниот натпревар помеѓу македонската и украинската фудбалска репрезентација на Европското првенство.

Euro 2020 | Österreich - Nordmazedonien Fans
Публиката ќе биде 12-от играч, се надеваат и двете репрезентацииФотографија: Daniel Mihailescu/AFP