1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Македонија 97-ма на ФИФА листата

БГ/миа5 септември 2012

Од противниците на Македонија во квалификациите највисоко котира Хрватска. Германската фудбалска репрезентација го задржа второто место, зад актуелниот светски и европски првак Шпанија.

https://p.dw.com/p/163mI
Фотографија: Petr Stojanovski

Македонската фудбалска репрезентација од 97-то место на ранг листата на ФИФА ќе го започне квалификацискиот циклус за пласман на Светското првенство во 2014 година.

Во однос на минатиот месец, благодарение на победата во пријателскиот меч против Литванија, Македонија направи прогрес од пет места на ФИФА листата. Што се однесува до опонентите во квалификациската група за пласман на Мундијалот, највисоко на листата на ФИФА котира првиот противник на „црвено-жолтите“, Хрватска, оваа репрезентација се наоѓа во Топ 10, на деветото место.

Белгија која минатиот месец ја победи Холандија направи најголем прогрес на листата од цели 13 места, Белгијците сега се на 40-то место, Србија е зад Белгија на 42-то место, оваа репрезентација бележи пад од седум места. Репрезентациите од Островот, Велс и Шкотска се наоѓаат една до друга на 46-то и 47-то место.

Flash-Galerie Teilnehmer der Fußball-Europameisterschaft 2012 Deutschland
Германската фудбалска репрезентацијаФотографија: picture alliance/Sven Simon

Што се однесува до врвот на ФИФА листата, таму има само една промена Португалија и Уругвај ги заменија позициите, Португалците се сега на четвртото место. Лидер на листата останува Шпанија пред Германија и Англија.