1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Македонска Влада - закани од Грција за вето

14 септември 2007

*

https://p.dw.com/p/Bfvo

Два дена пред парламентарните избори во Грција, македонската влада не сака да ги коментира изјавите на официјална Атина во врска со спорот за уставното име на земјата. Кабинетот на Никола Груевски редовно ја следи ситуацијата, изјави портпаролот Ивица Боцевски кој додаде дека позициите на владата во врска со спорот со името остануваат непроменети. Тој не сака да ја коментира изјавата на претседателот Бранко Црвенковски, кој смета дека со евентуалната блокада на Грција на евроатлантската интеграција на Македонија, би била прекршена времената спогодба што на властите во Скопје би им дала за право еднострано да ги прекинат преговорите во Њујорк.