1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Македонска делегација на молитвениот појадок во САД

Сашко Димевски2 февруари 2007

Со молитва за мир и порака никогаш да не им се повтори 11/ти септември претседателот на САД Џорџ Буш им се обрати на над 4 илјади поканети гости на молитвениот појадок во Вашингтон. На појадокот и годинава присуствуваа 10-ина гости од Македонија.

https://p.dw.com/p/AdZa
Од молитвениот појадок во Вашингтон
Од молитвениот појадок во ВашингтонФотографија: MIA

На појадокот присуствуваа поканети гости од 160 држави од светот, но и американски сенатори и конгресмени. Молитвената церемонија ја отвори конгресменот Џејси Евдвартс, а на неа се молеа и цитираа делови од Библијата повеќе гости меѓу кои беше и америкснскиот претседател Џорџ Буш.

Освен претседалтелот Буш, ѕвезди на појадокот беа демокраската сенторка на Њујорк и најголем фаворит за претседателски кандидат на демократите во 2008 година Хилари Клинтон. Потоа државниот секретар Кондолиза Рајс и новиот претседател на Конгресот Ненси Пелоси. Трите политчарки беа на првата маса заедно со сопругата на трагично загинатиот македонски претседател Борис Трајковски, Вилма Трајковски. Освен неа од Македонија оваа година на молитвениот појадок присуствуваа вице прмиерот Имер Селмани, министерот за одбрана Лазар Еленовски, пратеникот Влатко Ѓорчев, шефот на кабинетот на премиерот Никола Груевски, Мартин Протуѓер и неколкумина млади од невладините организиации.

Мерките за безбедност во хотелот Хилтон дополнително беа зголемени и поради простестите на стотина Албанци од Црна Гора кои бараа ослободување на 18 Албанци уапсени пред неколку месеци заради подготвување бунт и терористички акции во Црна Гора.

Македонскиот министер за одбрана Лазар Еленовски, кој неколку дена престојува во САД, вчера во Центарот за стратегиски и меѓународни студии во Вашингтон, оддржа предавање заедно со неговиот албански колега Фатмир Мејдиу на тема НАТО во 21 век македондките и албанските перспективи. Свое обраќање како што потенцира пред младите министри имаше и заменик секретарот за одбрана Гордон Ингланд, кој порача дека пред Македонија и Албанија во 2007 постои уште многу домашна работа да можат двете држави подготвени да ја дочекаат наредната 2008 година и евентуалната покана за членество во Алијасната.

Ингланд изрази благодарност до двете земји за учеството и помошта во меѓународните коалициски сили и НАТО во мисиите во Ирак, Авганистан и Босна и Херцеговина. Стотинамната пристутни амбасадори, воени аташеа, аналитичари и новинари најмногу ги интересираше прашањето за финалниот статус на Косово и посебно дали е можна нова криза во регионот по излагањето на планот на посередникот Марти Ахтисари

„Ние не очекуваме никави безбедносни закани од финалниот статус на Косово. Ситуацијата е многу променета од 1999 година. Во Србија сега има демократска влада. Во Јужна Србија пред три недели и Албанците излегоа на гласање, што е добар сигнал за сите. Она што е важно е дека ние сме подготвени да помогнеме и асистираме во реформите како во Косово така и во Србија.“ рече македонскиот министер за одбрана Лазар Еленовски воЦентарот за стратегиски и меѓународни студии во Вашингтон.