1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Македонскиот парламент ја продолжува седницата за безбедносната состојба во земјата

11 септември 2007

*

https://p.dw.com/p/BebP

Парламентот во Скопје денеска треба да гласа за закључоците од расправата по случувањата во селото Ваксинце, каде во вооружен напад загина Фатмир Халили командир на полициската станица во Матејче, а двајца се повредени. Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска, на вчерашната расправа пред пратениците изјави дека полициската патрола била нападната од група криминалци при обид да бидат легитимирани. Во претсрелката загинале двајца од напаѓачите, роднини на тн командант Џејми Шеј.Ранет е и неговиот внук Заим Халили, кој избегал на Косово. Опозицијата, по чија иницијатива се одржа седницата, оцени дека безбедносната состојба во земјата е загрозена и побара оставка од министерката Јанкуловска.