1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Македонските политичари се фокусираат на односите со соседите

Александар Чомовски 18 јуни 2007

Безбедноста во Македонија и во Косово не може да се дели рече косовскиот министер за внатрешни работи Кучи. Со Јанкуловска договорија серија мерки во борбата против криминалот, меѓу кои заеднички патроли на границата.

https://p.dw.com/p/Ay8K

Македонските политичари деновиве се фокусираат на односите во соседството и взаемните билатерални контакти особено кон Косово и Грција.

Најновиот министерски дијалог овојпат на полициските челници како по правило ја актуелизира демаркацијата на границата со покраината, по можната независност на Косово. Стабилноста на Косово и Македонија не може да се дели рече гостинот од Приштина.

„Одложувањето на решението за идниот статус на Косово може да влијае врз стабилноста на целиот регион.“ предупредувачки изјави Блерим Кучи по средбата својот домаќин македонската министерка за внатрешни работи Гордана Јанкуловска.

Логистика од Скопје не е исклучена

Во македонско – косовските релации не е исклучена логистика од Скопје во две области: децентрализацијата и функционирањето на локалните мултиетнички средини за една важна соработка говореше неодамна и македонскиот министер за одбрана Лазар Еленовски „Ние сме спремни посебно како Република Македонија да учествуваме и да дадеме контрибуција во градењето на идните косовски вооружени сили.“ кажа Еленовски.

Албанскиот политички фактор и односите со Грција

Athen 2004: Dunstglocke über der Akropolis
Ахмети во АтинаФотографија: dpa

Индикативна е ненадејната и активна вклученост во албанскиот политички фактор во Македонија околу односите со Грција. Во Атина беше лидерот на ДУИ Али Ахмети. Тој во неколку наврати досега бараше албанскиот политички фактор да биде вклучен во преговорите со Атина околу решавањето на спорот за името на Македонија.

Синоќа пак вицепретседателот на Демократската партија на Албанците Мендух Тачи реагираше „Ваквата екскурзија на господинот Ахмети, што јас можам да ја толкувам како честитање на таа расистичка политика на Грците спрема Албанците по појавувањето на тие видео снимки каде грчката полиција на животински начин ги малтретира Албанците е уште еден доказ за луда и глупа политика што се води од нивна страна.“ рече Тачи.

Потпретседателот на ДПА Мендух Тачи уште кажа дека сите граѓани во Македонија, вклучувајќи ги и Албанците се поистоветуваат со уставното име Македонија и тоа не треба да се менува. Тоа е прва директна ограда од поранешните изјви на лидерот на ДПА Арбен Џафери кој во неколку интервјуа говореше за Славо Македоници кои живеат во Македонија.