1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Македонски автори се претставуваат во Лајпциг

17 март 2011

Од денеска (17.03.2011) вратите за посетителите ги отвора саемот на книгата во германскиот град Лајпциг. Годинава земја специјален гостин на саемот е Србија, а на него ќе се претстават и неколку македонски автори.

https://p.dw.com/p/10aU7
Лого на Лајпцишкиот саем на книгата

Лајпциг и книгата- овие два збора со векови градат единство во Германија. Историјата на Лајпцишкиот саем на книгата е тесно поцврзана со историјата на конкуренцијата во Франкфурт. Ривалството на овие два града во кои цветала книгоиздавачката дејност започнало уште во 16 век а трае се’ до денес . Но Лајпциг ја загубил предноста по поделбата на Германија по Втората Светска Војна. Имено Франкфурсткиот саем на книгата во тогашна Западна Германија се профилирал во најзначајниот саем на книгата во светот, додека саемот во Лајпциг во тогашната источна комунистичка Германија падна во заборав.

Buchmesse Leipzig
Саемските хали во Лајпциг се секогаш преполниФотографија: Leipziger Messe GmbH/Tom Schulze

Србија во фокусот

По повторното обединување на земјата во 1990 градските власти во Лајпциг наспроти хорот противници во книгоиздавачката бранша кој бараше укинување на саемот со образложение дека на Германија не и се потребни два големи саеми на книгата, истраја на ставот за одржување на клучната манифестација.

Но што би требало овој саем на книгата да понуди за да се разликува од Франкфуртскиот гигант? Најнапред решението гласеше промоција на литературата од земјите од Источна и Средна Европа , односно поранешните комунистички земји, а подоцна погледот се заврте и кон Југоисточна Европа. Последниве години писателите од овој регион имаат можност за поголема меѓународна промоција токму на манифестацијата во Лајпциг. По Словенија во 2007 и Хрватска во 2008, годинава земја партнер во Лајпциг ќе биде Србија. Се очекува на саемот да се претстават 60 српски автори.

Mazedonien Leipziger Buchmesse
Влада УрошевиќФотографија: DW

Богато македонско претставување

На Саемот на книгата во Лајпциг ќе се презентираат и повеќе македонски писатели. Поетот Никола Маџиров утре ќе има заеднички настап со Марија Кнежевиќ, писателка од Србија, а писателот Роберт Алаѓозовски ќе има заедничка вечер со Маринко Кошчец од Хрватска и Мирсад Сијариќ од Босна и Херцеговина.

На 18 март Никола Маџиров ќе се претстави заедно со Лилјана Дирјан. Истиот ден, под наслов „Скопска љубовна приказна“, ќе се одржи промоција на книгата „Скопје, вонбрачно дете на светот“, која неодамна се појави на англиски во Холандија и чии автори се архитектите Милан Мијалковиќ и Катарина Урбанек. По тој повод ќе се одржи и разговор на тема „Писателот и градот“ во кој ќе учествуваат и Влада Урошевиќ, Владимир Јанковски и Роберт Алаѓозовски.

Престојот на македонските писатели на саемот го обезбедува организацијата „Традуки“ од Германија.

Автор: СН/ЖА/дв/дпа/миа

Редактор: Симе Недевски