1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Македонски компании „го меркаат“ Солунското пристаниште?

24 септември 2011

Десетина најголеми македонски компании се заинтересирани да учествуваат во приватизацијата на Солунското пристаниште, изјави претседателот на Стопанска комора на Македонија, Бранко Азески по посетата на Грција.

https://p.dw.com/p/12fnV
СолунФотографија: Chatzispirou

Бранко Азески, по средбата со неговиот домаќин Димитриос Бакацелос, претседателот на солунската Трговско-индустриска комора, вчера во Солун, појасни:

„Станува збор за најголемите македонски компании кои со децении работат и се клиенти на Солунското пристаниште. На претстојниот саем за ’Транспорт и логистика’ во Скопје ќе се сретнеме и со менаџментот на пристаништето и ќе разговараме на оваа тема“.

Азески очекува дополнителни информаци околу претстојната приватизација  од Солунската комора.

Бакацелос посочил дека приватизацијата на пристаништето е обврска која Грчката влада је презела и пред Европската унија, а која мора да заврши до крајот на 2012 година.

„Се‘ уште не е утврдено што ќе се приватизира, дали дел од терминалите или ќе се оди на варијантата на учество на надворешни инвеститори во сопственоста на целото пристаниште. Во секој случај, тендерот што ќе го распише државата ќе биде достапен до сите. Но, сепак, ние им стоиме на располагање на нашите колеги од СКМ за сите потребни информации“, истакнал Бакацелос.

Во разговорите Азески го покренал и прашањето на штрајковите на граничните премини и во пристаништето, од кои големи штети трпат и македонските компании, но и грчкиот бизнис, кој е многу присутен во Република Македонија.

Според статистиката, во првите седум месеци од 2011 година, вкупната трговска размена на Република Македонија со Република Грција е зголемена за 15,5 проценти и изнесува 422,6 милиони американски долари. Притоа, остварен е извоз во вредност од 126,9 милиони долари, додека увозното салдо изнесува 295,7 милиони. 

Автор: ЖА/ЕМФ/миа

Редактор: Е. М. Фиданоска