Македонски филм во Карлови Вари
4 јули 2007Реклама
Македонскиот игран филм „Превртено„ вечерва ќе биде премиерно прикажан на меѓународниот филмски фестивал во Карлови Вари. Македонското остварување учествува во една од трите категории во официјална конкуренција. Филмот на режисерот Игор Иванов е снимен според вториот дел од романот на писателот Венко Андоновски „Папокот на светот„. Во продукцијата учествуваа три куќи од Македонија, Хрватска и Србија, а доби и поддршка од трите министерства за култура.