1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Спорт

Македонското знаме е легално

ЕМФ
8 февруари 2017

Инцидентот што поради македонското знаме се случи пред три и пол години на стадионот на Шалке предизвика долга и критичка дебата во Германија. Сега, пред наредниот натпревар Шалке-ПАОК Солун има полициски став.

https://p.dw.com/p/2X994
Polizeieinsatz im Schalke-Fanblock
Фотографија: picture-alliance/dpa

Сѐ почна со интервенцијата на полицијата против навивачите на Шалке на натпреварот против ПАОК од Солун на 21 август 2013 година. Полицајците употребија палки и спреј против навивачите, а повод за интервенцијата беше знаме на навивачите на Вардар. Полицијата образложи дека интервенирала затоа што навивачите на грчкиот клуб се почувствувале „навредени како етничка група" поради тоа што на стадионот било истакнато знаме со симбол на сонцето од Вергина. Тие се заканиле со „напад“. Фановите на Шалке кои се збратимени со навивачите на Вардар не сакале да го отстранат знамето, па полицијата се одлучила да интервенира, при што за да спречи поглема ескалација употребила гумени куршуми и спреј. Претставниците на Шалке 04 на тоа реагираа остро и оценија дека акцијата на полицијата, во која беа повредени 80 лица, била „сосема несоодветна".

Polizeieinsatz im Schalke-Fanblock
Навивачите на Шалке кои се збратимени со навивачите на Вардар не го даваа знамето, по што полицијата интервенираше со палки и спреј (21.08.2013)Фотографија: picture-alliance/dpa

За немилите слики да не се повторат, полицијата во Гелзенкирхен ги презема сите можни мерки, уверуваа полициски претставници на прес-конференција пред претстојното гостување на ПАОК во рамките на УЕФА Европа Лигата. Магазинот за фудбал „Вестлајн“ денеска коментира:

„Ане Хазелхаус-Шреер (претседателка на полицијата во Гелзенкирхен, н.з.) стави јасно до знаење дека покажувањето на македонското знаме не претставува кривично дело и мора да биде прифатено од сите. За таа цел полицијата во Гелзенкирхен за натпреварот напиша 'писмо за навивачите' на германски и грчки јазик. Петер Петерс (претставник на Шалке, н.з.) додаде дека и покрај тоа е 'пожелно' да се избегнуваат провокации од страна на сите посетители и фанови. Конечно! На вакво недвосмислено признание фановите на Шалке чекаат веќе три и пол години... Полицијата и Министерството за внатрешни работи до денес ја бранат интервенцијата како соодветна. Дури и ако знамето не било како што првично се мислело 'подбуцнувачко', како што се вели, само со интервенција можел да биде спречен евентуален напад на фановите на ПАОК... Точно е дека во моментот на интервенцијата е важно спречување на опасност, поради тоа што по правило тогаш и нема време за долго истражување... Само што, полицијата потоа, кога дојдоа нови сознанија требаше да биде попаметна и да се извини или да признае дека е направена погрешна проценка. Ова последново дојде денеска, иако доцна и индиректно. Знамето е и беше легално. Нема забрана за знамето, нема повторно потклекнување пред некои вжештени глави меѓу гостинските навивачи. Благодариме за тоа!“

 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема