1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Македонското пливање потона на дното

21 јули 2011

Во блиското минато, пливањето беше еден од водечките спортови во Македонија. Денес, пливачите мора да платат влезница од 120 денари по тренинг, критикува Димитрија Поповски, еден од најуспешните македонски пливачи.

https://p.dw.com/p/120fU
Фотографија: DW/Georgievski

Низ стручната рака на Поповски минаа плеjада одлични пливачи, учесници на најголемите светски натпреварувања.Македонското пливање денеска нема такви експоненти. Зошто? Поповски, основната причина ја бара во комерцијализацијата на базените:

„Во моментов пливањето во Македонија е под дното. Зошто е тоа така? Причината е проста - материјалните услови се водечки во тој пропаст на пливањето. Едноставно државата крена раце од пливачите, затоа што репрезентативците на Македонија за да направат тренинг од час и половина треба да платат 120 денари за влез во базенот. Ако тоа го помножите со минимум десет тренинга, колку што треба да еден врвен пливач тоа се големи пари за нашите луѓе. Средствата или материјалната основа се причина за падот на македонското пливање.“

Македонските пливачи најчесто со вајлд-карта го обезбедуваат влезот во светските базени. Само двајца репрезенти има во моментов на светското првенство во Кина. Некогаш резултатските норми не претставуваа никаква пречка.

„ Ние на четири олимпијади, до олимпијадата во Пекинг, имавме по четворица пливачи со исполнета норма. Рејтингот на резултатите на наште пливачи падна оној момент кога се оневозможи непречено да работат цела година.“

Без професионални тренери

Mazedonien Skopje Schwimmbad
Пливачите мора да платат влезница од 120 денари за секој тренингФотографија: Zlatko Kalinski

Леко Радич, Миле Сирма, Живко Груевски и други тренери, заедно со денешниот наш соговорник, зад себе оставија плејада пливачки имиња: Мешковска, Филиповски, Маленко, Бошевска. Денес, пливчаката струка е маргинализирана, исфрлена на споредната патека, коментира Поповски.

„Државата Македонија го обезглави спортот во 1998 година, кога ги исфрли на улица или на буниште професионалните тренери во Македонија. Во овој момент професионални тренери има само во екипните спортови, оние што се богати, кои имаат спонзори и средства. Во индивидуалните спортови нема професионален тренер“.

По подолг период, двата затворени базени во Скопје ги отворија вратите за пливачите. Има ли надеж за нова резултатска бура во македонското пливање? Поповски е скептичен. Можниот прогрес е во рацете на државните институции, вели тој.

Автор: Златко Калински

Редактор: Трајче Тосев