1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Конфликти

Малку војна околу Нагорно-Карабах добро им доаѓа на сите

Миодраг Шориќ
1 октомври 2020

Што се случува кога во еден конфликт посредниците стануваат профитери. Кога оние кои треба да придонесат за мир всушност заработуваат на војната? Тогаш конфликтот тлее па секогаш одново ескалира, истакнува Миодраг Шориќ

https://p.dw.com/p/3jFkI
Armenien und Aserbaidschan Konflikt um Berg-Karabach | Freiwillige in Eriwan
Фотографија: Melik Baghdasaryan/Tass/dpa/picture alliance

Турција, на пример, би можела да има умерено влијание врз својот „братски народ“ во Азербејџан, за да не се прошири конфликтот околу Нагорно-Карабах. Но, Анкара сака повеќе да разгорува. Турската армија неодамна заедно со Баку изведе воен маневар, охрабрувајќи ги Азербејџанците да земат оружје и дури и' и се закани на Ерменија.Каде и да се замешаше Турција со претседателот Ердоган на чело, војната не беше далеку - на Каквказ, во Сирија, во Либија.

Ердоган испраќа воени бродови на Грција и баш му е гајле за солидарност во НАТО или за меѓународното право, Негова цел е од Турција да направи независна регионална сила, ако треба и со сила. Ердоган не е заинтересиран за долгорочен мир на Кавказ.

Нема интерес за политичко решение

И Русија сака да оствари влијание или со голема помпа да демонстрира сила. Кремљ би можел да ја одврати Ерменија од непотребни провокации, на пример со преселување на христијанските сириски бегалци во Нагорно-Карабах.

Soric Miodrag Kommentarbild App
Миодраг Шориќ, автор на коментарот

Повеќе:

-Големите сили и конфликтот околу Нагорно-Карабах

-Што поттикнува војна за Нагорно-Карабах?

-Меркел со апел до Ерменија и Азербејџан за итен прекин на огнот

Тешко може да се прецени влијанието на Москва врз Евреван. А, секоја ерменска влада знае дека без заштита од големиот брат нема ни безбедност во земјата.

Москва не и' испорачува на Ерменија само оружје, туку веќе стационираше илјадници војници во земјата. Притоа, на Москва не и' е важно да дојде до политичко решение во Нагорно-Карабах. Таа сака да задржи статус-кво и да негува добри врски со Баку и со Ереван.

Така секогаш во конфликтот може да се стилизира како голема сила.Во спорот околу Нагорно-Карабах недостасува искрен посредник, Русија и Турција имаат свои цели. Поради тоа конфликтот редовно се разгорува. Особено кога ќе се влоши економската ситуација и владите се обидуваат да го оттгрнат вниманието од фактот дека самите не успеале.

Патриотизмот ги мами сетилата

Азербејџанскиот претседател Алиев постојано најавуваше дека ќе ја модернизира економијата и ќе ја сузбие корупцијата. Но, малку од тоа се случи. Азербејџан зависи од извозот на нафта и на земен гас. Но, за време на пандемијата на коронавирусот цените на суровините опаднаа, така што Азербејџан има многу малку заработка од извозот, а буџетот е во криза.

Опаѓа куповната моќ и расте незадоволството на граѓаните, исто така, и поради тоа што владата е преоптоварена со борбата против пандемијата. Вооружените борби против Ерменија го одвлекуваат вниманието, а Алиев добива на време.

Патриотизмот нема да го наполни стомакот, но ги мами сетилата.Новата војна која се распламти околу Нагорно-Карабах е пораз за дипломатијата. Западот речиси и да не го интересираат конфликтите на работ на Европа.

САД како глобална сила се повлече. Европска унија сепак малку е неспособна, а малку и нема волја да ја преземе оваа улога. И кој на крај ја плаќа цената? Обичните луѓе на Кавказ, бидејќи никој не се чувствува одговорен за нив.