1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Мал,но важен чекор кон непредок

6 февруари 2007

Обновување на блискоисточниот мировен процес – тоа е целта на германската канцеларка Меркел и централна тема на нејзините разговори низ земјите на Блискиот исток. Посетата и разговорите кои ги водеше канцеларката се позитивен, но скромен придонес кон мировниот процес, коментира Петер Филип.

https://p.dw.com/p/Adta
Меркел на блискоисточна турнеја
Меркел на блискоисточна турнејаФотографија: AP

Многумина претходно си ги скршиле забите од тврдиот блискоисточен орев. На пример поранешниот американски претседател Бил Клинтон. Затоа и германската канцеларка не можеше многу да се надева дека ќе успее во нешто во кое многумина претходно беа неуспешни. Но, отпатува на Блискиот исток, во досега најдолгата посета во странство, а нејзината порака беше јасна: неопходно е да се обноват мировните преговори, а Германија и ЕУ се подготвени да придонесат во нивен успех. Тоа е в ред. Од победата на Хамас на палестинските избори, ЕУ не вложуваше сериозни напори за да помогне во надминувањето израелско-палестинското непријателство. По зачестените американски посреднички обиди од времето на поранешниот претседател Бил Клинтон, следеше период на воздржаност. Ако воопшто претседателот Џорџ Буш изјавуваше нешто по ова прашање,тогаш тоа беа изјави со кои отворено се поддржува израелската страна.

Војната во Ирак, спорот околу иранската нуклеарна програма, конфликтот во Либан и меѓупалестинските судири – сите овие работи само дополнително ја заострија ситуацијата, но и покажаа дека нешто мора да се преземе. Поради пристрасноста, САД не се соодветни како посредници, додека ЕУ е во подобра ситуација, иако е свесна дека без Вашингтон или против неговата воља на Блискиот исток ништо не може да е постигне. Додуша уште помалку може нешто да се случи ако двете страни не се подготвени за дијалог. Затоа е за пофалба тоа што Ангела Меркел се залага за обнова на работата на Блискоисточниот квартет во кој учествуваат ЕУ, САД, ОН и Русија. Но, првиот состанок по повеќемесечната неактивност покажа дека прво Палестинците мора да се договорат меѓу себе и да покажат подготвеност за помирлив пристап кон Израел. ЕУ тука може многу малку да стори, но може да ги поддржи Саудијците и Египќаните кои се обидуваат да посредуваат во процесот. Ако вака се гледа на работите, посетата на канцеларката Меркел во Каиро и Ријад е позитивен, иако скормен придонес во потрагата по решение за Блискиот исток и покажа дека постои меѓународна согласност дека конфликтот мора да се надмине. Вистина, долг е патот од ова сознание до успешни мировни преговори.

Освен тоа, проблемот на Либан, проблематичната иранска нуклеарна програма и пред се ситуацијата во Ирак, не беа дел од разговорите за време на оваа турнеја на канцеларката Меркел. А и за овие прашања има многу работа.