1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Малцинствата ќе си играат на македонски од второ одделение?

21 август 2010

Владата со помош на ОБСЕ бара начин за спроведување на стратегијата за интегрирано образование. Етничките заедници да се запознаат со македонскиот јазик во второ одделение а да почнат да го изучуваат од четврто.

https://p.dw.com/p/Ot1D
Фотографија: Petr Stojanovski

Како што наближува стартот на новата учебна година, се зголемува интересот во јавноста за новините што ќе ги донесе таа во образовниот процес. Деновиве надлежните од министерството за образование, странските амбасадори и претставниците на ОБСЕ на највисоко ниво треба да расправаат за наставата по македонси јазик кај етничките заедници. Клучното прашање е кога треба да се воведе македонскиот јазик, дилема што ги зовре етничките страсти во земјата и го стави на тест соживотот минатата учебна година. Одлуката на Министерствтото за образование за задолжителна настава по македонски јазик за сите првоодделенци падна на Уставен суд.

Можно ли е ново решение за учебната 2010 2011? ОБСЕ не отстапува од стратегијата за интегрирано образование.

“Деновове работиме интезнивно со министертствот за образование, секретариjaтот за рамковен договор, политичките партии на Македонците и Албанците за реализација на политиката која ќе помогне во зајакнување на образовниот систем“, изјави за Дојче Веле амбасадорот на ОБСЕ во Македонија, Хозе Луис Хереро. Тој нагласува дека за успешна интеграција исто толку важно е и Македонците да ги познаваат јазиците на своите сожители.

“Мнозинската заедница исто така ќе ја сфати потребата од изучување на јазикот на другите заедници за да можат да се разберат меѓусебно и да живеат заедно“, истакнува Хереро.

Mazedonien Land und Leute Schüler in einer Grundschule
Мнозинската заедница да го изучува јазикот на другите заедници - ХерероФотографија: Petr Stojanovski

Колку порано, толку подобро

Министерот за образование Никола Тодоров останува на ставот дека етничките заедници треба да почнат со изучување на македонскиот јазик во најрана фаза од школувањето, но е повниметелен во однос на имплементацијата на проектот.

„Изучувањето на македонскиот јазик треба да биде во првото ниво на образование. Треба да промовираме рано изучување на македонскиот јазик“, смета Тодоров.

Од веќе познатите позиции не остапуваат ниту претставниците на Албанците, кои лани го предводеа бојкотот на наставата по македонски јазик од страна на првооделенците-Албанци. Нухи Дардишта од Сојузот на наставници-Албанци за Дојче Веле објаснува.

“Учениците-Македонци, во местата каде Албанците се мнозинство, би требало да учат албанкски јазик, а албанските ученици од четврто до крајот на средното образование го изучуваат македонскиот јазик“, смета Дардишта.

Неофицијално се разгледува опцијата македонскиот јазик да се воведе во второ одделение, но само за запознавање, преку игра, а изучувањето да почне во четврто одделение.

Автор: Горан Петрески

Редактор: Трјаче Тосев