1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Мал напредок околу листата на „бадентерови“ закони

17 април 2007
https://p.dw.com/p/AgDA
Постигнат е мал напредок во преговорите околу листата закони во Македонија што треба да се донесуваат со т.н Бадентерово мнозинство . Ова го потврдија премиерот Никола Груевски и лидерот на опозициската Демократска Унија за Интеграција , Али Ахмети по нивната вчерашна неколкучасовна средба . И двајцата меѓутоа нагласија дека е крајно неизвесно кога ова прашање ќе биде затворено . ВМРО-ДПМНЕ на пример и натаму го отфрла барањњето на ДУИ за донесување закон за поранешните припадници на ОНА. На вчерашната средба бил постигнат договор , работни групи од двете партии да ја продолжат дискусијата за листата закони во наредните денови . Веројаатна е и нова средба меѓу Груевски и Ахмети