1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

МАНУ бира нов претседател

30 ноември 2011

Академиците избираат нов претседател на МАНУ, врвна научна и културна институција чиј буџет годишно не е поголем од 1,5 милион евра.

https://p.dw.com/p/13JNR
Зданието на МАНУ во СкопјеФотографија: Petr Stojanovski

(Само)кандитатурата од најмалку тројца членови започнува попладне и по подолг период се очекува битката да се води меѓу членовите од помладата генерација. Во јавноста и академските кулоари се споменуваат експертот по кривично право Владо Камбовски, економистот Таки Фити, лингвистот Катица Ќулафкова, но и научниците од природните науки хемичарот Глигор Јовановски, како и програмскиот секретар Никола Коцарев, кој долго работеше во САД и е без соменение највлијателниот македонски академик во техничките научни кругови низ светските универзитети, но не исклучена и номинацијата на енергетичарот Григор Каневче.

Кој од нив ќе раководи со МАНУ од нова година ќе се знае по гласањето зад затворени врати. МАНУ има 41 член во својот редовен состав, а меѓу надворешните се и французинот Робер Бадентер, екс-рускиот премиер Евгениј Примаков, како и познати научни имиња од светот, меѓу кои и др. Мурат Ферати, американски истражувач по потекло од Македонија. Нема ниту еден избран академик од Грција, Албанија или Бугарија. Меѓу натурализираните македонски научници е и Пољакињата Сузана Тополинска која го води Центарот за ареални јазици и која за ДВ вака ги коментираше обидите за обезличување на македонскиот јазик. „Нема никакви дилеми дека македонскиот јазик е автономен и припаѓа на групата јужнословенски јазици. Не постои сериозен нучник во светот кој би го спорел овој факт “.

Georgi Stardelov, Präsident der Mazedonischen Akademie für Wissenschaft und Kunst
Досегашниот претседател на МАНУ, Ѓорѓи СтарделовФотографија: DW

Во последниве неколку изборни циклуси членови на МАНУ станаа и тројца преставници, писатели и универзитетски професори од албанската етничка заедница.

Подмладување

При изборот на претседател на МАНУ учествуваат само нејзините редовни членови. Со неколкуте последователни избори акдемици стана десеттина научни имиња од средната генерација, со што „домот на мудреци или старци“ значително се подмлади и веројатно некој од нив ќе ја преземе одговорноста да ја води Академијата. За сега во нејзините кругови се одвива тивка војна меѓу преставниците на хуманитарните, наспроти егзактните, природни науки. 

Од првиот состав, кој го предводеше кодификаторот на македонскиот современ литературен јазик, поетот и професор Конески, до актуелниот, философот и литературен критичар Старделов, на чело на МАНУ се наоѓаа историчарот и првиот генерал Михајло Апостолски, економистот Ксенте Богоев, атомскиот физичар Јордан Поп Јорданов, писателот Матеја Матевски, византологот Цветан Грозданов, но и Ѓорѓи Ефремов, еден од најцитираните македонски експерти во светските научни списанија и шеф на Центарот за биогенетика. Во неколку последователни настапи првиот академик Старделов ја критикуваше поделеноста на македонското општество. За ДВ тој ќе каже: „Во развиенот свет, каде владее иднината, изучувањето на минатото и историјата го губи своето посесивно значење“.

Пофалби, но и критики

Во својата петта декада од формирањето, особено по воениот конфликт 2001, двајца претседатели на МАНУ беа цел на остри критики и реакции во јавноста. Тогашниот шеф Георги Ефремов, министер во првата Влада на самостојна Македонија, по едно интервју, со кое застана зад идејата за етничко-територјална поделба на државата меѓу Македонците и Албанците, како и по острите критики, си поднесе оставка. Таков потез не презеде актуелниот челник Старделов, иако и тој, особено составувачите на првата македонска енциклопедија во неговиот мандат, беа критикувани поради лошата методологија на составување на првата „книга над книгите“, како што беше промовирана. Екциклопедијата доведе до поттикнување меѓуетничко недоразбирање, како што говореше академик Алајдин Абази, физичар и ректор на првиот универзитет на албански во Македонија. Тој побара изданието комплетно да се повлече, иако МАНУ тврдеше дека тоа е диво „хакирано“ и енциклопедијата на ЦД е дистрибуирана и продавана во огромни тиражи.

40 Jahre MANU
Од прославата на 40-годишниот јубилеј на МАНУФотографија: Macedonian Information Agency

Ревизија на енциклопедијата

Иако продажбата на Енциклопедијата беше запрена и избрана нова редакција, не е извесна судбината на повлечените примероци од лексикографското издание, ниту пак е почната научната постапка за ревидирање на некои од критикуваните одредници и нејзини содржини. Академијата остро ја критикува политиката на „скржавост“ на државата кон науката и истражувањата, за што се издвојуваат само 0,5 насто од годишниот буџет на земјата.

Во изминатиов мандат актуелното раководство на МАНУ почна да ја промовира идејата за институционална и научна поврзаност на академиите од балканските држави, со евентуално седиште во древниот Охрид.

Автор: Александар Чомовски

Редактор: Горан Чутаноски