1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

„Ман“ и „Сканиа“-германско-шведски деловен брак?

21 септември 2006

Во Хановер на водечкиот саем од оваа бранша,автопроизводителите ги излагаат своите автобуси,камиони и товарни возила.На маргините главна тема меѓутоа е најавеното спојување меѓу фирмите „Ман“ и „Сканиа“

https://p.dw.com/p/AeKo
Фотографија: AP

Голем спектакл-тоа е составен дел од секој саем.Оваа година има што да се види,„Волксваген“ за првпат во Европа го претставува својот 45 тонец.Тој ќе биде произведуван во Бразил,а досега на пазарот е само во Латинска Америка.Натамошен хит на саемот е експонатот кој е толку голем што мора да стои надвор:еврокомби,22 метри долг,со тежина до 60 тони.Но,тема број едне меѓу излагачите е нешто друго:можното спојување меѓу „Ман“ и шведска „Сканиа“.И покрај првите реакции,Антон Вајнман од раководството на „Ман“ верува во успех:

-Водев многу разговори и секогаш се разбира бев навраќан на темата „Сканиа“,во најголемиот дел разговори кои ги водев,мнозинството партнери не охрабрија да продолжиме на оваа тема,дека е тоа чекор во вистински правец.

Дали се ова само игрички,кои „Сканиа“ ги води со германскиот претендент,во Хановер многу се шпекулира околу тоа.Но,речиси никој не верува дека до согласност може брзо да дојде.