1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Марин Ле Пен се погрижи за контроверзи во Либан

СН/ агенции
21 февруари 2017

Лидерката на францускиот Национален фронт Марин Ле Пен одбила да учествува на состанок со либанскиот голем муфтија откако неговиот помошник ја замолил да ја покрие главата со марама.

https://p.dw.com/p/2XyXV
Libanon Marine Le Pen in Beirut
Фотографија: Reuters/A. Taher

Пртседателската кандидатка на екстремната десница во Франција на последниот ден од тридневната посета на Либан каде разговараше со високи официјални претставници на земјата, требаше да се сретне со највисокиот сунитски лидер шеикот Абдел-Латиф Беријан.

Кога пристигнала во неговата канцеларија, еден од помошниците на муфтијата сакал да ѝ даде бела марама да ја покрие главата, што Ле Пен го одбила.

Ле Пен рекла дека и порано се среќавала со египетскиот голем муфтија Ал Азхар шеикот Ахед ел Тајеб, еден од највисоките сунитски свештеници на светот, и тогаш не носела марама.

Кога ѝ било речено оти во Либан се поинакви обичаите, Ле Пен излегла од канцеларијата.

Од канцеларијата на муфтијата подоцна е соопштено дека уште пред средбата со лидерката на  Национален фронт преку нејзиниот советник ѝ било порачано оти мора да ја покрие главата со марама за време на состанокот бидејќи таков е протоколот.

Libanon Marine Le Pen in Beirut | Michel Aoun
Марин Ле Пен на средба со претседателот на Либан Мишел АунФотографија: Reuters/D. Nohra

„Канцеларијата на муфтијата жали поради такво несоодветно однесување на таквите состаноци“, наведено е во соопштението.

Според проценките на француските медиуми Ле Пен со патувањето во Либан, два месеци пред претседателските избори во Франција го полира својот меѓународен профил. Шефицата на Националниот Фронт, според последните анкети, би била најдобра во првиот круг со околу 26 насто поддршка од гласачите додека нејзините главни ривали, независниот кандидат Емануел Макрон и кандидатот на конзервативците Франсоа Фијон би освоиле по 21 насто од гласовите. Меѓутоа во веројатниот втор круг би претрпела убедлив пораз и од двајцата: Фијон би освоил 57 проценти наспроти нејзините 43, додека Макрон би имал 58 наспроти 42 проценти на Ле Пен.