1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Масакар во Нигерија

АТ/ макфакс/дпа/епд/афп/ртр17 февруари 2014

При напад врз село претежно населено со христијани на североистокот на Нигерија убиени биле повеќе од сто луѓе. Постои сомневање дека зад нападот стојат исламистичките милиции Боко Харам.

https://p.dw.com/p/1BABc
Фотографија: Pius Utomi Ekpei/AFP/Getty Images

Повеќе од сто луѓе се убиени во напад на група вооружени лица во североисточниот дел на Нигерија.

Нападот се случил недалеку од границата со Камерун, во селото Изге во нигериската сојузна држава Борно, каде што се чести нападите со религиозен предзнак. Ова село е претежно населено со христијани. Нигериската армија го потврди нападот. Биле нападнати и други села. Сенатор на сојузната држава Борно ги обвини приврзаниците на исламистичката група Боко Харам за делото.

Минатата седмица, исто така, во сојузната држава Борно беа изведени два напада за кои одговорноста е припишана на движењето Боко Харам. Само од јануари исламистите убиле повеќе од 330 луѓе.

Боко Харам, чиешто име на хауса јазикот значи „западното образование е грев", се смета одговорна и за многу напади врз училишта и универзитетски комплекси, главно во североисточниот дел од земјата. Оваа екстремистичка група за која постои сомневање дека е директно поврзана со глобалната терористичка организација Ал Каеда, сака да создаде муслиманска држава во северниот дел од Нигерија во кој муслиманите се во мнозинство.