1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Масакрот во Вирџинија планиран

19 април 2007

Масакрот на техничкиот универзитет во Блексбург очигледно бил планиран подолго време. Американската телевизија Ен Би Си вчера добила материјал во кој сторителот Чо Сеунг Хуи ги образложуа причините за стореното дело. Уште пред да се појави пакет со материјал од Чо, во јавноста веќе се зборуваше за неговото впечатливо однесување. Полицијата сега го проверува материјалот.

https://p.dw.com/p/Abxg
Фотографија: AP

23 годишниот Јужно Кореец го однел во пошта пакетот во кој имало текстулен но и фото и видео материјал, најверојатно во понеделникот во периодот откако биле убиени првите двајца студенти. Околу два часа подоцна тој уби 30 лица по што изврши и самоубиство.

На фотографиите кои сега пристигнаа до американската телевизија Чо позира со оружјето и ножевите кои ги поседувал. Тој и префрлува на социјалната средина во која живеел дека го принудиле да го стори масакрот „Вие имавте сто милиони шанси да го спречите денешниов ден”, вели Чо во едно од видеата во пакетот. Во материјалите исто така се забележува омраза на 23 годишникот кон богатите. Во пакетот имало и текстуално писмо и 43 фотографии. Полицијата во Вирџинија потврди, дека во моментов ФБИ го проверува новиот материјал.

Но уште пред да пристигне пакетот во јавноста излезе информацијата дека Чо веќе подолго време бил заблежителен поради неоговото агресивно и депресивно однесување

Студентка во ноември мината година пријавила дека Чо постојано и досадувал преку телефон. При тоа не станало збор за конкретни закани, но полицијата воспоставила контакт со Чо.

Во декември друга студентка се пожалила дека Чо и досадувал со мејлови. Студенката Вендел Флинчам побарала од полицијата да му забрани на Чо да контактира со неа „Наредното утро полицијата зборуваше со него. Нешто подоцна, истиот ден, ни се јави пријател на Чо, бидејќи стравуваше дека може да се самоубие. Полицијата повторно зборуваше со него и беше упатен во психијатриска клиника.”

Пред се професорката по англиски на Чо била вознемирена поради неговите текстови. Но официјален извештај немало бидејќи не постоела никава закана, ниту елементи за криминално дело.

Доктор Крис Флин од психолошкото советувалиште на универзитетот укажува дека постојано има упадливи студенти и попстојано се советуваат студентите и доценстие како да се однесуваат во случај на т. н. Стокинг . Дали постоеле разговори и со Чо Сеунг Хуи не е потврденио. Сеуште постојат префрлувања и до полицијата и раководствотот на универзитетот, бидејќи предупредувањето до студентитие било испратено дури два часа по првите убиства.

Гувернерот на Вирџинија Тим Кајн вчера при посетата на повредените во болница рече „Очиглдено дека полицијата на универзитетот го сторила она што сметала дека е исправно врз основа на инфомациите кои ги поседувале.”

Независна комисија треба да утврди дали полицијата и раководството на унверзитетот направиле грешки за во иднина да може поинаку да се постапува.