1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Матијас Де Зордо, прв светски копјаник

3 септември 2011

Матијас Де Зордо е светски шампион во фрлање копје. 86 метри и 27 сантиметри е резултатот со кој го освои златниот медал. Германија во него го доби првиот светски првак во оваа дисциплина.

https://p.dw.com/p/12SZO
Де Зордо со уште еден медал за ГерманијаФотографија: picture-alliance/dpa

Уште во првото излегување на бојниот полигон преполн со искусни копјаници, Де Зордо ја внесе сета своја енергија. Неговиот резултат остана недофатлив за сите, дури и за моќниот Норвежанец Торкилодсен, кој едвај стигна до сребрениот медал со скромни 84.78.

23-годишниот германски репрезентативец во текот на целото финале се соочуваше со здравствени проблеми, со повреденото колено, па си дозволи и  „луксуз “ да не фрла во две серии.Се разбира во консултација со неговиот тренер, некогашниот германски ас, Борис Хенри.

Де Зордо, роден во Германија, а со потекло од италијански доселеници, го постигна најголемиот успех во кариерата. По сребрениот медал минатата година на Европското првенство во Барселона, во Даегу направи

огромен прогрес, со кој дефинитивно влезе во светската елита. Обединета Германија во него го доби првиот светски првак во оваа дисциплина. Претходно, во Хелсинки во 1983-та година Михаел Детлеф, репрезентативец на ДДР, го освои првото мондијалско злато.

Матијас Де Зордо е третото име во германскиот состав со златен медал по победите на Роберт Хартинг во фрлање диск и на Давид Шторл во фрлање ѓуле. Со вкупно 6 освоени медали досега, Германија е на 4-то место на најуспешните нации.

Автор: Златко Калински

Редактор: Жана Ацеска