1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Мајка Тереза – 10 години

5 септември 2007

*

https://p.dw.com/p/BbcB

Во чест на 10-годишнината од смртта на Мајка Тереза, денеска во Скопје беа положени венци и цвеќе пред нејзиниот споменик во центарот на градот. Округлата годишнина од заминувањето на големата хуманистка ќе ја одбележи и Собранието на Република Македонија, а централното чествување ќе се одржи на пладне во Академијата на науките и уметностите. Мајка Тереза беше родена на 26 август 1910-та во Скопје под семејното име Агнес Гонџа Бојаџиу. Во 1979 ја доби Нобеловата награда за мир за помошта на сиромашните и болните пред се‘ во индискиот град Калкута, каде и почина на денешен ден во 1997-та.