1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Маџиров на поетско читање во Лондон

12 март 2012

Македонскиот поет Никола Маџиров денеска ќе чита поезија на македонски јазик во Ројал Фестивал Хол во Лондон. Тоа е почеток на неговата британска турнеја која ќе трае до 18. март.

https://p.dw.com/p/14JBN
Македонскиот поет Никола МаџировФотографија: Nikola Pozdravi

Настанот во Ројал Фестивал Хол е најавен како поетско читање на тројца највозбудливи европски поети: Никола Маџиров од Македонија, Тадеуш Дабровски од Полска и Даниеле Пантано од Швајцарија. Песните во превод на англиски јазик ќе ги чита преведувачката Пеги Рид.

По овој настан Маџиров утре заминува на поетско читање во универзитетскиот град Бангор во Велс, заедно со Кубанецот Виктор Родригез Нуњез и поетесата од Велс Зое Скулдинг, а на 14 март е најавено поетско читање во Манчестер со автори од манчестерската поетска група „Бед Ленгвиџ“.

Од 16 до 18 март Никола Маџиров ќе ја претстави поезијата во Шкотска на меѓународниот поетски фестивал „Станца“ на кој ќе учествуваат поети од Јамајка, САД, Јужна Африка, Канада, Ирска, Нов Зеланд, Шведска, Палестина.. .Поетските читања се во организација на „Саутбанк“ центарот во Лондон, ЛАФ од Манчестер и „Станца“ од Сент Ендрус.

Автор: СН/ АТ/ миа

Редактор: Александра Трајковска