1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Мега порачка за „Ербас“

АТ/ дпа/ афпд18 март 2013

Најголема порачка во историјата на „Ербас“: Индонезиската компанија за ефтини летови „Лајон Ер“ купува вкупно 234 авиони од европскиот воздухопловен концерн.

https://p.dw.com/p/17zYW
Фотографија: Reuters

Порачката на авионите од серијата А320 со вредност од 18,4 милијарди евра ја обелоденија концернот „Ербас“ и француската влада. Претседателот на Франција Франсоа Оланд изјави дека се работи за „историска порачка“ за „Ербас“ која е воедно и најголема во историјата на фирмата. Флотата на индонезиската компанија „Лајон Ер“ досега ја сочинуваа само авиони на „Боинг“.

Станува збор за 60 авиони од типот А320, уште 109 од моделот наследник А320 Нео и 65 „Ербас“ авиони А321 Нео. Авионините од производствената линија Нео треба да бидат испорачани по 2016 година, а оние од актуелните верзии од 2014 година. Договорот е потпишан во свечената сала на Елисејската палата од страна на шефот на „Ербас“ Фабрис Брегие и шефот на „Лајон Ер“ Ружди Кирана во присуство на францускиот претседателот Франсоа Оланд (на сликата на прилогот).

„Лајон Ер“ за „Ербас“ е нов клиент. Досега оваа индонезиска авиокомпанија нарачуваше авиони исклучиво кај американскиот конкурент на „Ербас“, „Боинг“. Во ноември 2011. година „Лајон Ер“ нарача 230 авиони од типот Б737 - рекорд за „Боинг“.