1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Медведев бара „прошка“ за членките на Пуси Рајот

АТ/ ртр/ дапд/ афп13 септември 2012

Рускиот премиер Дмитриј Медведев се изјасни за ослободување на трите осудени членки на панк бендот Пуси Рајот. Набљудувачите се сомневаат во неговото влијание врз процесот.

https://p.dw.com/p/167jR
Фотографија: Reuters

На 17 август три музичарки од рускиот панк бенд Пуси Рајот беа осудени на двегодишни казни затвор поради протестна акција против денешниот претседател Владимир Путин во московската катедрала како и поттикнување на религиозно мотивирана омраза. Сега рускиот премиер Дмитриј Медведев изјави дека му се чини „непродуктивно“, доколку жените минат уште повеќе време в затвор. Тие имале доволно време да размислат за она што се случило. Условна казна би била доволна, смета Медведев, кој и самиот е правник. Истовремено на средбата со членови на владејачката партија Обединета Русија, Медведев се дистанцираше од трите критичарки на Путин.

Надеж за ослободување?

Одбраната на осудените музичарки ги поздрави изјавите на Медведев. Ставот на премиерот е коректен и одбраната го поддржува, изјави адвокатот Николај Полосов за агенцијата Интерфакс. Адвокатите на бендот на 1. октомври сакаат да поднесат барање за второстепена постапка.

Набљудувачите оценуваат дека изјавите на Медведев речиси и да нема да имаат никакво влијание врз претстојната одлука. Политикологот Евгени Волк уверен е меѓутоа дека зборовите на Медведев „го рефлектираат расположението меѓу либералните слоеви во општеството“.

Според една анкета објавена по пресудата против членките на Пуси Рајот, 53 проценти од руското население сметале дека пресудата е фер, додека 27 проценти биле на мислење дека е неправедна.