Мексиканците се исплашени од Трамп

По провокациите на Доналд Трамп, мексиканскиот претседател Енрике Пења Нието ја откажа планираната посета на САД. Иако граѓаните покажаа поддршка за потегот, расположението во земјата се влошува.

„Голем број на Мексиканци се исплашени“, вели мексиканскиот политолог Карлос Перез Рикарт, кој работи како истражувач во Институтот за Латинско-Американски студии при Слободниот Универзитет во Берлин. Бизнисмените, луѓето кои имаат роднини во САД и граѓаните од средната класа, кои досега имаа најголемо влијаније врз економијата на земјата се загрижени поради заканите на Доналд Трамп за новите повисоки увозни царини и построгите гранични контроли.

„Во моментот многу Мексиканци одблизу следат што се случува во САД“, вели Перез Рикарт. „Тоа предизвика голем дел од граѓаните да ги игнорираат домашните проблеми на Мексико и наместо тоа, очите да ги вперат во надворешниот непријател“. Резултатот е растечки национален сентимент. Во моментот, профилни слики на кои се прикажани мексиканското знаме или други национални симболи се многу популарни на социјалните мрежи.

Мексиканците незадоволни

Сепак, тоа не може да ги сокрие подлабоките проблеми на земјата. Не само што поголемиот дел од земјата е контролиран од страна на нарко картелите, туку и владата е вклучена во бројни случаи на корупциски скандали. Ова се прашања кои мексиканскиот претседател Енрике Пења Нието и неговата Институционално револуционерна партија (ПРИ) сакаат да ги решат.

Мексиканците излегоа на улиците да протестираат против предложеното зголемување на цените на горивата.

„Мексиканците не гледаат било какви структурни подобрувања, наместо тоа, животот стана многу лош за нив“, вели политологот од Мексико, Луси Педроза која е дел од хамбуршкиот Германски институт за глобални и реагионални студии (ГИГА). „Ветените реформи беа лошо спроведени, во енергетскиот и во бизнис секторот“, вели таа. Скорешните анкети покажуваат дека само 12 отсто од Мексиканците го поддржуваат претседателот.

Исплашени од Трамп, фрустрирани од Пења Нието

Но, Пења Нието има намера да држи до својот план – од кој дел е дерегулацијата на цените на горивото. Следната фаза од планот ќе биде претставена во февруари. Целосната дерегулција треба да биде постигната во 2018 година. Досега, цените на горивата ги одредуваше министерството за финансии.

Ваквите мерки не можеа да бидат воведени во полошо време за Мексико: Пезосот има историски најниска вредност, а глобалните цени на нафтата растат. Либерализацијата значи дека Мексиканците ќе мора да плаќаат повеќе за гориво, а повисоки цени за струја граѓаните веќе плаќаат од почетокот на годината. Дел од секојдневните производи се поскапи поради инфлацијата.

Луѓето се толку гневни што и за време на инаугурацијата на Трамп, кога стотици илјади луѓе ширум светот излегоа на протести против новиот претседател на САД, Мексиканците не излегоа на протести против човекот кој често ги навредуваше јавно. Наместо тоа, тие демонстираа против Енрике Пења Нието. Многумина го обвинија дека тој е делумно виновен поради изборот на Трамп.

Енрике Пења Нието беше единствениот меѓународен лидер кој го покани Трамп за време на неговата изборна кампања. Пења Нието го покани Трамп во Мексико Сити и покрај фактот што тој постојано користеше силна антимексиканска реторика за да ја зголеми поддршката. Всушност, тој ја започна неговата претседателска кампања нарекувајќи ги Мексиканците „силувачи“ и „дилери на дрога“, обвинувања кои ги повторуваше за време на кампањата.

Денот по неговата посета на Мексико Сити, Трамп одржа митинг во Њу Мексико на кој што изјави: „Тие ќе платат за ѕидот, само сеуште не го знаат тоа“. Во едиторијал именуван „Трамп е проблем, Пења Нието не е решението“, новинарот од Мексико, Рикардо Рафаел напиша дека Доналд Трамп го „искористил Енрике Пења Нието како загревање пред неговото шоу“.

Всушност, Пења Нието можеше да ја искористи ситуацијата со Трамп за негова предност, вели политологот Карлос Перез Рикарт: „Но, на мексиканската влада и недостига сила и самодоверба“. Според него, Пења Нието постапил срамежливо.

Граница САД-Мексико: Бетон наместо челик

Трамп има искуство со градење

„На нашата јужна граница ќе изградам голем ѕид. Никој не гради ѕидови подобро од мене и за тој ѕид ќе плати и Мексико.“ Тоа американскиот претседател Доналд Трамп го изјави во текот на кампањата. Досега тој градеше пред сѐ висококатници и хотели. Ѕидот на границата е на прво место на неговиот план од 10 точки во делот на политиката на доселување.

Граница САД-Мексико: Бетон наместо челик

Крај кој завршува „нигде-никаде“

Границата меѓу САД и Мексико е долга околу 3.200 километри. Од нив со жица се обезбедени околу 1.100 километри. Границата минува низ четири американски и шест мексикански сојузни држави, минува низ пустина и големи градови. Поради лошата пристапност, еден мал дел од границата во Њу Мексико е отворен. На други места пак патролираат службеници за заштити на границата.

Граница САД-Мексико: Бетон наместо челик

Несовладлив челичен џин

Бројот на илегални доселеници во САД се проценува на околу 350.000 годишно. Голем дел од нив доаѓаат од Мексико. Дел од доселениците од Мексико се толерираат. Од друга страна, мексиканските семејства не добиваат виза. Доселениците си посакуваат подобар живот, работа и повеќе пари за своите семејства.

Граница САД-Мексико: Бетон наместо челик

Само мал допир

Семејствата живеат разделени со ограда. Прегратка не е можна. Во најдобар случај низ челичните шипки може да се протне рака. Ако Доналд Трамп го оствари најавеното, тогаш наместо челик овде ќе има бетон. Тогаш и мал допир нема да биде можен.

Граница САД-Мексико: Бетон наместо челик

Од изолација до предрасуди

„Кога Мексико праќа луѓе, тогаш не ги испраќа најдобрите“, рече Трамп во текот на кампањата. „Испраќа луѓе кои прават многу проблеми. Тие носат дрога, злосторства, силувачи. Некои, би рекол, се и добри луѓе.“ Трамп сака да ги протера илегалните доселеници, барем оние кои се со криминално досие. Сепак, и покрај заканите, многу Мексиканци не се откажуваат од своите планови за бегство во САД.

Граница САД-Мексико: Бетон наместо челик

Пустина, граница и назад

За некои Мексиканци сонот завршува на границата. Тие завршуваат в затвор. Други за илегално минување преку границата плаќаат со својот живот. Медиумите критикуваат дека безбедносните сили пукаат преку границата. Дури во 2015 година за тоа првпат е обвинет припадник на американската погранична служба.

Граница САД-Мексико: Бетон наместо челик

Со сачмарка против непожелните гости

Џим Чилтон, американски фармер, во патрола низ својот имот. Неговата фарма на површина од 200.000 квадратни метри на југоистокот од Аризона граничи директно со Мексико. Помеѓу има само бодликава жица. Чилтон се смета себеси лично одговорен за безбедноста и одвреме-навреме посега по сачмарката.

Граница САД-Мексико: Бетон наместо челик

Чуден крај

„Тортиља ѕид“ е потценувачкиот назив на 22,5 километри долгиот дел од границата меѓу Отеј Меса Бордер Кросинг во Сан Диего (Калифорнија) и Пацификот. Оградата завршува во водата. За да се побегне на другата страна е доволно само да се исплива околу оградата.

Поврзана содржина

Следете нѐ