1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Посакуваме покана за почеток на ЕУ-преговори со Македонија

Кристијан Стефанеску
31 јануари 2019

Заедничките интереси и предизвици на ЕУ и Западен Балкан се тема на која денеска се разговара во Букурешт.

https://p.dw.com/p/3CVV0
Teodor Melescanu Rumänien Außenminister
Фотографија: Getty Images/AFP/A. Kisbenedek

Министрите за надворешни работи на ЕУ на денешната неформална средба во Букурешт нема да ја заобиколат темата Западен Балкан. „Овој приоритет го презедовме за нашето претседателство со ЕУ, пред сѐ од Бугарија и Австрија“, изјави за ДВ романскиот министер за надворешни работи Теодор Мелешкану.

„Нашата национална позиција е давање поддршка за забрзување на преговорите за приклучување во ЕУ со Србија и Црна Гора, отворање нови преговарачки поглавја. Посакуваме, а тоа и ќе биде мој предлог, ПЈР Македонија (или отсега Северна Македонија) и Албанија да добијат јасна покана за почеток на преговори со Европската унија. Остануваат уште две земји на Западниот Балкан - Босна и Херцеговина и Косово, кои се во почетна фаза, но со кои сме подготвени да разговараме и да видиме како може да ги поддржиме нивните европски стремежи.“

Повеќе: ЕУ на Балканот: Уште една изгубена година

На неформалната средба на министрите за надворешни работи на земјите-членки на Европската унија и земјите-кандидати за членство во ЕУ (GYMNICH) ќе учествува и македонскиот министер за надворешни работи Никола Димитров.