1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Меркел:имаме посебна одговорност за Израел

5 мај 2006

На крајот на нејзината посета на САД,германската канцеларка Ангела Меркел ја подвлече посебната одговорност на Германија за Израел.Меркел се обрати пред Американскиот еврејски комитет по повод одбележувањето на неговата стогодишнина.

https://p.dw.com/p/Ac6v
Меркел и Буш
Меркел и БушФотографија: AP

Пред членовите на Американскиот Еврејски комитет американскиот претседател Џорџ Буш ја претстави гостинката:

-Таа ја разбира силата на слободата.Таа е непосреден човек,ми ги кажуваше своите мислења, има добра проценка и е силен лидер.

Ангела Меркел во својот 20 минутен настап ја потенцираше одговорноста на својата земја за Израел:

-Решителното заштитување на правото на постоење на Израел и правото на неговите граѓани на сигурни граници и на мир со соседите е една постојана константа на германската надворешна политика од сите германски влади.

Германија нема да воспоставува контакти со владата на палестинската организација Хамас се додека таа не го признае правото на Израел на постоење и не се откаже од насилство.

И Буш се изрази слично,Хамас мора да ги прифати барањата на меѓународната заедница.Американската одговорност за безбедноста на Израел е голема,трајна и непроменлива,изјави Буш.

Двајцата политичари го критикуваа ставот на Иран кон Израел.Иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџад повеќепати го доведуваше во прашање постоењето на оваа држава,што за Германија е неприфатливо.

Германската канцеларка повтори дека Иран не смее да се стекне со атомско оружје.Сега е од решвачка важност единственоста на меѓународната заедница во наредните чекори.Меркел и Буш се изјаснија за што е можно поширок државнички сојуз во изнаоѓањето дипломатско решение во конфликтот околу иранската атомска програма.

Инаку,досега ниту еден германски канцелар не говорел пред Американскиот еврејски комитет на неговите прослави.Канцеларката Ангела Меркел ја оцени како голема чест можноста да одржи говор пред овој Комитет.