1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Меркел бара заеднички настап против Иран

26 септември 2007

Германската канцеларка пред Генералното собрание на ОН побара поостар курс во спорот со атомската програма на Иран.Иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџад одби натамошни отстапки во спорот,кого го смета за завршен

https://p.dw.com/p/BjnS
Меркел во ОНФотографија: AP

Ако Иран не попушти во спорот околу неговата нуклеарна програма,Германија ќе се заложи за натамошни,поостри санкции против оваа земја,изјави Меркел во Њујорк.Не треба светот да докажува дека Иран не произведува атомска бомба,туку Иран треба да го убеди светот дека не сака таква.Доколку Иран се стекне со атомска бомба,тоа ќе има големи последици за Израел,Блискиот исток,но и за Европа и слободниот свет.Меркел одговорноста за Израел ја означи како една од главните цели на Германија.

Претходно пред неа говореа повеќе државници,меѓу кои и иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџад.

Иран го смета спорот за завршен

Иранскиот претседател на општо изненадување го прогласи долгогодишниот спор околу иранската атомска програма за завршен.Работата сега е препуштена на Меѓунардоната агенција за атомска енергија.Иран е решен да оди по легален пат,дозволувајќи контроли од меѓународните иснпектори.Но, најавуваните санкции од Советот за безбедност,Ахмадинеџад ги означи за неправедни,несразмерни и политички наметнати од арогантните сили,поради што неговата земја не ги почитува.

Германија бара постојано место во Советот за безбедност

Германската канцеларка Ангела Меркел настапи синоќа меѓу последните говорници на отворањето на 62-то Генерално собрание на ОН.

Таа повторно го потенцираше тежнеењето на Германија кон постојано место во Советот за безбедност на ОН.

„Во сегашната поставеност,Советот за безбедност веќе не го отсликува денешниот свет.Заради тоа треба да се постигне усогласување со политичката реалност.Германија минатите години активно се ангажираше во дебатата.Таа е подготвена да преземе поголема одговорност преку добивањето постојано место во Советот за безбедност на ОН“,изјави Меркел.

Германската амбиција доби кочница преку американскиот претседател Џорџ Буш,кој се изјасни за проширување на Советот за безбедност со нови постојани членки,но протежираше свој кандидат:

„Според наше мислење Јапонија има добри предуслови за постојано место во Советот за безбедност на ОН.“

Тема и кризата во Мијанмар

Една од темите кои беа споменувани на вчерашната седница на Генералното собрание беше исто така и актуелната криза во Мијанмар.Генералниот секретар на ОН Бан Ки Мун во својот говор на отворањето:

„Ние од владата во Мијанмар бараме поголема воздржаност и започнување итен дијалог со опозицијата.Мојот специјален пратеник наскоро ќе го посети Мијанмар.“

Американскот претседател во својот говор најави санкции против тамошниот воен режим:

„Американците се огорчени поради ситуацијата во Бурма,каде воената хунта веќе 19 години владее преку режимот на страв.Денес утрото објавив редица мерки,кои треба да ги засилат економските санкции против водачите на режимот и поддржувачите“,рече Буш.