1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Меркел во Кина ќе зборува и за спорните прашања

26 август 2007

*

https://p.dw.com/p/BY2t

Германската канцеларка Ангела Меркел која денеска отпатува за Кина потврди дека со тамошното раководство ќе разговара и за состојбата со човековите права во земјата. Врските меѓу Берлин и Пекинг во меѓувреме толку се зацврстија што отворено може да разговараме и за спорни прашања, изјави Меркел. Тема на разговорите ќе бидат и климатските промени и проблемите со технолошката пиратерија. Меркел по Кина патува за Јапонија. Канцеларката ја придружува и висока стопанска делегација.