1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Меркел во Кина

27 август 2007

*

https://p.dw.com/p/BYUw
Заштита на климата, на интелектуалната сопственост и подобрување на квалитетот на производите ќе бидат централни точки на заедничката работа меѓу Германија и Кина. Ова се договорија германската канцеларка Ангела Меркел и кинескиот претседател Ху Џингтао по средбата во Пекинг. Тие разговарале и за спорното прашање, почитување на човековите права во Кина. Меркел претхофно го повика кинеското раководство да преземе поостри чекори против пиратеријата и повеќе да се ангажира за заштита на климата. Во економскиот развој сите земји мора да се држат до заедничките правила на игра, изјави Меркел по разгворите со кинескиот премиер, Вен Џиабао во Пекинг. Премиерот Вен, во врска со извештаите за напади на кинески хакери врз компјутерите на германската влада, побара заедничка борба против меѓународната компјутерска шпионажа. Меркел во Кина е во придружба на голема стопанска делегација. Таа оттаму патува за Јапонија.